Супер тема, баш се најдов што ми требаше. А дали сте земале чаеви од La Chá, и јас прочитав дека од Ројбос е добар чај за трудници, а во La Chá го има.
Фала ти мила, се потсмирив малце, вчера 2 чаши испив и после што ми требаше да фатам да гуглам незнам
јас ретко пијам чаеви но тие се најдобра преврнција од сезонски настинки така да не гледам штета од нив
Зависи какви чаеви. Јаки чаеви како зелен и црн не смее, а треба и внимателно со другите чаеви од билки, некои од нив може да предизвикаат несакани контракции. Од овошни може скоро сите, освен од лист од малина. Добро е пред да пиете било каков чај да изгуглате дали е дозволен во бременост.
јас не гледам пречка да се пие чај од ѓумбир. ионака апчињана што првите месеци ги пиеме као демек превенција од гадење се од ѓумбир
Хит си ми само ги тумачиш чаевиве.. Мене кога највеќе ми се лошеше др ми препорача баш чај од ѓумбир и топ ми беше. Не му ја мисли
Јас го пиев бактерија кога ми најдоа во урина. А и добар е и ако ти се настинати јајници, бубрези, цистит. Има витамин ц, прочистува.
Зелен и црн чај никако. Исто така и Алкалакс. Од тие билкарските, чај од кантарион. Друго се може да се пие.
Zdravo devojki, vekje vleguvam vo 15 nedela, i sakav da prasam za sovet vo vrska so caevite.. Imam zboruvano na ovaa tema so doktorkata kade dobiv odobruvanje deka mozam i ne e nisto strasno po edna solja na den od bilo koj. Brusnica i matocina mi kaza mozam neograniceno. E sega me interesira kade naogjate brusnica cista bidejki sekade ima mal primes na hibiskus.. A momentalno sum malku nastinata i sakam povekje caj da pijam pa kade da barame.. Fala vi i sekoe dobro
Мислење за камилица, нане, шумско овошје и плнински чај во бременост ? Во првата бременост секакви чаеви избегавав од што незнав кој може кој не, сега сакам многу чаеви..пијам само брусница, а дали може и овие посебно планинскиот ?
Камилица не се препорачува во бременост, во народната медицина се користела како средство за абортус затоа што предизвикува крварење. Тоа прво нешто го учевме на факултет за камилицата. За жал билките кај нас не се изучуваат толку, па често и тие имаат голема улога во несаканите ефекти, иако многумина би рекле билка е, нема штета
Омг. Јас сум 28 недела и сега дури читам за чајот од хибискус. Пред некое време бев настината и по 3 пати пиев чај од хибискус. А исто така и камилица пијам редовно. Многу ми помагаат за смирување и слично. Колку што сум истражувала до сега ,безбедни се сите чаеви штп во себе не содржат кофеин. А тоа се скоро сите овошни . Треба да се избегнува црн и зелен чај.
Јас пијам од брусница и увин заради инфекција, за други незнам, но можете компот да си правите по 1 чаша на ден и тоа е здраво