1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чакри

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од MissCupcake, 7 јули 2011.

  1. MarijaVonTeese

    MarijaVonTeese Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    4
    јас не се разбирам искрено многу во чакрите. али татко ми се разбира. знам дека имаше читано доста книги за тоа и мислам дека истотака идеше кај некој човек којшто ги отвараше чакрите. а имам и другарка која иде на јога медитација а нејзините се занимаваат со такви работи а си чакри и на неа истотака и се отворени чакрите. али не би можеле да се занимавам со тоа премногу е комплицирано за мене
     
  2. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Root: under-active (-19%)
    Sacral: open (69%)
    Navel: open (62%)
    Heart: open (50%)
    Throat: over-active (100%)
    Third Eye: over-active (88%)
    Crown: open (56%)

    Денешно.
    Па добро ,сум напреднала со Navel ,ми беше потпросечно активна ,а сега е отворена.
    Сум опаднала на сексуално ниво ,да му се невиди ,треба повеќе сексање :D
    Нервозите и даље статус кво. Шејм он ми!
     
  3. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    24
    Root: under-active (-6%)
    Sacral: open (56%)
    Navel: under-active (-12%)
    Heart: under-active (0%)
    Throat: open (38%)
    Third Eye: open (19%)
    Crown: under-active (-6%)
     
  4. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Root: under-active (-19%)
    Е само оваа не ми е отворена. :tmi:
    А Third Eye: over-active.
    :)
    Другите отворени.
    Треба малку да поработам на тоа.
     
  5. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Root: under-active (-62%)
    Sacral: open (44%)
    Navel: under-active (-12%)
    Heart: under-active (-19%)
    Throat: over-active (69%)
    Third Eye: open (19%)
    Crown: open (25%)

    heart chakra under-active?! :o
     
  6. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Root: under-active (-12%)
    Sacral: open (44%)
    Navel: open (44%)
    Heart: under-active (12%)
    Throat: open (56%)
    Third Eye: open (25%)
    Crown: open (25%)

    heart chakra under-active? :o
    Пааа незнам и не ми е баш точно или можеби ми е :?:
    како и да е треба да поработиме малце на тие што се неактивни.. :)
     
  7. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    се согласувам со тебе, Најдобро чакрите ги познава инструктор по јога. Одам на јога и правам везби за отварње на чакрите :)
     
  8. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    јас одам на јога и отприлика знам како знам какви функции имаат цакрите и како изгледаат. а на интернет ова само како предпоставка им е мозе 50% да е точно 50% да не е :)
     
  9. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    Значи ништо не е комплицирано само треба да седнеш и да поработиш на нив на почетокот инструкторот ке ти зборува, ти само седиш со скрстени нозе, рацете ти се на колената поставени во чинмудра и го слушаш инструкторот што зборува не е некоја филозофија а исто така во јогата спаѓаат и вежби за секој дел од телото
     
  10. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    оди на јога 100% ке ти се отворат :)
     
  11. Angela12345

    Angela12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    26
    не идам на таа јога ама одам на општата а и таму има вежби за отварање на чакрите и мнгу големи промени осеќам од кога почнав на јога да одам :)
     
  12. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    197
    Root: under-active (-50%)
    Sacral: open (44%)
    Navel: under-active (-31%)
    Heart: open (19%)
    Throat: open (6%)
    Third Eye: open (12%)
    Crown: under-active (0%)
     
  13. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Чакри или како што Божјиот Дух во современите објави ги нарекува центри на свест. Во книгата „Спознај се и лекувај се со силата на Духот„ беше објаснето дека има 7 центри на свест. Духот Божји ги нарекува Ред(во близина на половите органи), Волја(кај мочниот меур), Мудрост(кај желудникот), Сериозност(кај белите дробови, во близина на срцето - воедно се нарекува Христов центар бидејќи од пред 2000 год. тука е сместена Христовата искра на спасение), Трпеливост(кај грлото), Љубов(на челото - некои го нарекуваат трето око) и Милосрдие(кај темето на главата - таму е поврзана душата со јадрото на битот).

    Доколку човек мисли, зборува и живее според етичките вредности (на пр. она што несакаш тебе да ти се прави, не го прави ти на другите - ова важи и за човековиот однос кон животните и природата) тогаш тие енергетски центри се отворени и етеричните сили на Духот слободно втекуваат и духовно-кружното течение се одвива непречено. Тогаш човекот е здрав. Преку погрешното мислење и однесување на човекот доаѓа до подзатворање на тие центри и енергијата не може слободно да кружи. Последици се тогаш болест и судбински удари.
    Доколку вештачки се зафати односно се пристапи кон насилно отворање на тие центри(преку разни спиритуални техники и сл.) без промена на мислењето и однесувањето на поединецот, можно е привремено да се создаде проток на енергијата и да дојде до привремено оздравување, но порано или подоцна тоа ќе доведе до уште поголеми потешкотии бидејќи суштинската причина (погрешниот однос и став на човекот) не биле отстранети и трансформирани во позитивно преку следење и исполнување на божјите закони.

    [​IMG]
     
  14. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    .... :tmi: ....за чакрите имам видено некаде слика од човечко тело со означени точки/чакри...и едноставно не прочитав шо и како...знаам нешто се точки ама нечто поконкретно не ми изгледаше привлечно за читање...а за кинеската јин и јанг знаам дека се негативното и позитивното во нас/црно белото...и ако настани дисбаланс во нашето тело реагира со стрес ......искрено убава статија еве уште еднаш дознав нешто ново на фемина форум.мк......лајк..... :D
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Да, точки, или како завршетоци на нервниот систем кај човекот.Значењето им е донекаде слично со на јинг и јанг, односно од првата до третата чакра е негативната енергија, а од четвртата до седмата е позитивната енергија кај човекот.Има и такви толкувања за истите, за кои се вели дека сета негативна енергија која владее кај луѓето, потекнува токму од првата до третата чакра.Велат и дека дисбалансот/стресот настанува ако се неактивни.
     
  16. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    и јас го направив тестот и ми покажа дека 1-та и 3-тата чакра ми се затворени,другите сите се отворени.кога го прочитав описите видов дека стварно е така,пример за 3 тата чакра ако е затворена се јавува пасивност и неодлучност,а јас веке некое време сум пасивна и неможам да донесам некои одлуки во животот,чекам времето да си го каже своето,ама времето не кажува ништо се додека сам не си ги поттурнеш работите :) дефинитивно ке ги правам вежбите за отварање на чакрите од инструкторката од видеото постирано на првата страница.може ке има некое фајде :) ,а ке ја прашам и инструкторката што ни држи јога сега почнав да одам пред месец дена да видам она шо ке ми каже.
    единствено премногу активна ми е срцевата чакра,а за неа пишува дека ако ти е преактивна можеш да ги гушиш лугето со својата љубов,и навистина кога сум во врска сакам мноооооооогу љубов и внимание 100 % ама не го добивам од партнерот во доволна количина не останувам во таа врска не се задоволувам со малце.можеби и гушам некогаш :$ али мислам не многу ;)
     
  17. Lostedlove

    Lostedlove Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    11
    abe nisto ne razbrav moze na po prost nacin da objasnis :)
     
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Root: open (31%)
    Sacral: open (69%)
    Navel: open (50%)
    Heart: open (44%)
    Throat: over-active (75%)
    Third Eye: open (62%)
    Crown: under-active (12%)
     
  19. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Првиот енергетски центар


    Сместен е во пределот на крсно-тртичниот плексус, во пределот на perineum кај мажите и cerviks кај жените, меѓу половиот орган и аналниот отвор, во внатрешноста.
    Врзан е за материјализација на нашиот тн. Пат, инстинкти и има потполна контрола над сите телесни функции. Ја контролира стабилноста, сигурноста и приземноста. (некои мајстори по источна медицина сметаат дека ја претставува сексуалната енергија кај мажите).
    Поврзан е за елементот земја и има јасна и чиста црвена боја.
    Овој центар се однесува на нашето физичко преживување и задоволување нашите неопходни физички потре*и – храна, пиење, облекување, лекови, живеалиште и др. Го уредува и нашиот однос кон материјата, материјалното остварување, телото и храната која ја јадеме, а исто така е поврзан и со семејството, домот, племе односно народ, традицијата.
    Кога е затворен овој енергетски центар, личноста пати од недостаток на виталност, тешко ги материјализира својте идеи, има финансиски проблеми, чувствува страв од промени и сопствени искуства, премногу се потпира на родителите, партнерот или некој авторитет, и недостасува иницијатива и
    општо, склона е светот да го посматра како опасно и непријателско место.

    Кога овој центар е премногу отворен, личноста е постојано гладна и незадоволна на материјален план, се поистоветува со својот материјален имот, склона е кон работохолично однесување, претерана физичка активност, па можно е да живее во непрекинат страв од губиток на сила, пари, здравје. Поради тоа опсесивно се посветува на нега на сопственото тело, како и претерана грижа околу храната што ја јаде, а можна е и хипохондрија.
    Многу тн. “духовњаци“ го имаат овој центар неурамнотежен бидејќи го сметаат за нижи план на свесноста кој треба да се надмине , а што е потполно погрешно бидејќи овој прв енергетски центар на матреијален план ги манифестира сите идеи и духовни дострели на останатите енергетски центри.


    Втор енергетски центар


    Сместен е на местото на карличниот плексус, на кичмата, во висина на опавчето. Тука се наоѓа средиштето на нашата сексуална енергија . Чувството за овој енергетски центар обично го нарекуваме “пеперутки во стомакот“ особено изразено кај женит. За него се врзува доминацијата и емотивноста. Поврзан е со елементот вода и има јасна портокалова боја.
    Овој центар го уредува нашиот однос кон сексуалноста, но и нашето нагонското, несвесно битие, каде се потхрануваат нашите најдлабоки желби, тежнеења и способноста за доживување на животните уживања. Тука се одржува и нашето право да чувствуваме и да сакаме, без страв и цензура кои обично во детството ни се наметнуваат. Имено, некои негативни чувства како бес, тага или страв се потискуваат со што се оштетува детското самопочитување, што покасно го наведува да има потиснати чувства, па врз физичкото тело предизвикува различни енергетски блокади, заболувања и психича нерамнотежа.
    Кога овој енергетски центар е затворен, личноста сама се*е не се доживува доволно вредна и привлечна, се плаши од својте нагонски реакции и емоции, па склона е кон претерано рационализирање. Не знае да ужива во сопственото тело, па можно е да има проблеми со фригидност или импотенција.
    Кога е премногу отвотерен овој центар, личноста е склона кон исцрпување на туѓата енергија за задоволување на сопствените потре*и, ги конзумира својте сексуални партнери на чисто телесно ниво без заинтересираност за нивните емоции, но со тоа всушност самата се*е се повредува користејќи ја својата промискуитетност и непочитувањето на сопственото тело.
    Урамнотежен со првиот центар и доволно проточен, овој енергетски центар му дава способност на човекот да ужива во плодовите на својата работа како и спонтано и природно да ги изразува својте емоции и желби.


    Tрет енергетски центар

    Третиот центар се врзува за соларниот плексус. Ова е резервоарот на нашата животна енергија, каде што се врши нејзината акумулација, за да ја можеме употре*име за сите неопходни телесни и психо-ментални процеси. Се наоѓа во пределот на стомакот, и на кичмата, поточно на половина растојание меѓу пупакот и градната коска. Ова е највисокото ниво на нашето физичко тело; врзан е за рационалното и умот.
    Со овој енергетски центар владее огнот. Има топла жолта боја, со примеси на златна.
    Тука се уредува нашоит однос кон моќта, амбициите, авторитетите. Одговорен е за нашето чувство за самопочитување и личен интегритет, како и за нашето право за делување и интелектуална нзависност. Општеството и оваа чакра ја подредува на репресија со вообичаени воспитни шаблони: девојчињата треба да бидат послушни и незахтевни, при што таа се потискува, а кај момчињата се пренагласува со тоа што тие мораат да бидат со натпреварувачки, победнички дух, најдобри и први. Многу луѓе под вакви влијанија во детството, покасно се повлекуваат во се*е, плашливи и несигурни, но и аутодеструктивни. Според врвите мајстори на источните духовно-боречки вештини, токму неурамнотеженоста на овој енергетски центар е причина за сериозни психосоматски пореметувања како и тешки болести као рак и оштетувања на имунитетот.
    Кога овој енергетски центар е премногу затворен, личноста е пасивно – агресивна, не знае да се избори за своето место под сонцето, ја нервираат туѓи успеси, внатрешно фрустрирана па и бесна и чувствува љубомора. Надворешно е претерано скромна и попустлива. Исто така се присутни и сите видови на стравови, посебно страв да не биде исмеван, изневерен, искористен итн.
    Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста не бира средства да ги оствари својте професионални цели, склона е кон тиранско однесување, ја наметнува својата воља, како и вербална и физичка агресија со која се обидува да го прикрие своето чувство на внатрешна немоќ.Урамнотежена со првите два енергетски центри и доволно проточна, овој центар на позитивен начин го урамнотежува и засилува егото кое се изразува асертивно наместо агресивно однесување, дава моќ на храброста и одлучноста, но така да не ги повредува туѓите лични граници.

    Четврти енергетски центар

    е во кардиалниот плексус, на кичмата, во висина на средната градна коска. Се врзува за срцето. Тоа е центар на безусловна љубов, на креативната, универзална енергија. Со потполно отварање на овој центар, личноста е во состојба да ја контролира и усмерува својата животна енергија, да се ослободи од поврзаноста со материјата и од својте сетила. Негов елемент е воздухот и поврзан е со астралното ниво. Има смарагдно зелена боја, а понекогаш розе.
    Овој енергетски центар го уредува нашиот однос кон љубовта, но не само на онаа кон нашиот партнер, туку во прашање е виши облик на внатрешна освестеност, кога личноста е способна да се сака прво се*е, другите луѓе, и светот во целина, па во се*е развила и универзално сочувство кон сите живи суштества.
    Тука е содржано нашето право да љубиме и да бидеме љубени, сакани. Општеството и оваа чакра ја блокира, особено на колективно ниво кое се оцртува низ некои осудувачки ставови кое ги има кон слободната еротска љубов меѓу жената и мажот, љубов меѓу различни нации, раси, вери, како и кон љубовта меѓу хомосексуалците. Патријахатот дозволува само еден облик на човеково здружување, тоа е традиционалниот брак меѓу маж и жена, првенствено наменет за создавање потомство.
    Кога овој енергетски центар е затворен, личноста е непрекинато сомничава кон туѓите мотиви, тешко ја изразува својата наклоност, а одвнатре се чувствува недоволно сакана или невредна за љубов, без оглед колку луѓето околу неа се трудат да и угодат.
    Кога е премногу отворен овој центар, личноста претерано се жртвува за другите сентинентална е, попустлива, склона кон претерана идеализација, сладуњава романтика, самосожалување и некритички нудење љубов на личности кои не се за Урамнотежен и проточен, овој енергетски центар дава способност за емотивна интелегенција. Личноста е способна да ги препознае и разбере првенствено својте , но и туѓите емотивни потре*и, односно способна е и знае како да ги урамнотежи спротивностите во самата се*е, а природното чувство на љубов кое го изразува кон светот е одраз на нејзиното внатрешно самоприфаќање.

    Петти енергетски центар

    Овој центар се наоѓа во faringel i laringel plaksus, на кичмениот столб во висина на гркланот. Центар е на вољата, вербата и самодовербата. Го претставува потполното знаење за минатото, сегашноста и иднината, способноста за егзистирање без храна, бесмртноста. Ги соединува Љубовта и Спознанието, сите наши потенцијали на патот кон бесконечниот развиток. Овој центар има светла сина боја.
    Ги уредува нашите способноста за комуникација, кога човекот преку говорот го изразува она што го мисли и чувствува. Ова е енергетски центар заслужен за слободниот избор, одговорноста и креативноста. Во него е содржано нашето право да ја зборуваме и слушаме вистината, со зборови да го искажеме она што го носиме во срцето, како и она што го гледаме со својот внатрешен поглед во длабочините на нашето битие. Како центар на вољата (со чија помош) нашиот внатрешен дух се организира самиот се*е, за да може да се изрази во материјалните светови на нашето постоење, на различни креативни планови.
    Кога е затворен овој енергетски центар, личноста има страв од јавно изразување на сопствените ставови. Може да е склон на плагирање на туѓи идеи и мисли, на претерано интелектуализирање, разионализација и кон сувопарни академски знаења кои немаат практична цел. Може да е неорганизиран, деконцентриран, но и недруштвен.
    Кога е премногу отворен, постои склоност кон ментално надмудрување и некорисни расправи. Личноста е премногу усмерена на тоа што и каков дојам нејзините мисли/зборови предизвикуваат во околината, вербално нетактична, па и окрутна. Вољата е пренагласена, можна е зависност од информирање, и подложна е на нервно растројство како последица на ментална преоптеретеност.
    Урамнотежен со нижите центри, особено со срцевиот, дава способност за мудро и убаво изразување кое ги допира срцата. Комуникацијата не се доживува како наметнување и побивање на ставовите на соговорникот, туку како мост кој ја проширува взаемната перцепција. Вољата се урамнотежува со емоциите, а одговорноста кон се*е и другите се доживува природно, без оптеретува

    Шести енергетски центар

    Се наоѓа во kavernen plexus, во цетарот на главата, на врвот на мозочното стебло, каде што е епифизата. Тоа е команден центар и го претставува вишото ментално ниво. Со негово отварање се доаѓа до потполното Знаење, просветлување на сопствеиот Пат. Има виолетова боја.
    Овој енергетски центар ја уредува нашата способност за внатрешно согледување, интуиција, трагање по убавината, вистината и мудроста. Тоа е центар на идеалите, визиите, фантазијата и секако, соништата. Во него се содржи нашето право да ја согледам вистината без илузија и разубавување.
    Општеството на колективно ниво исто така го блокира овој енергетси центар така што преку разни медиуми сервира лажни слики (пр. приказни за богати и убави луѓе, медиумски ѕвезди и сл. како и родови стереотипи за тоа какви треба да бидат тн. идеални мажи односно тн. идеални жени).
    Кога овој енергетски центар е затворен, личноста не е способна за доживувања на подлабока вистина зад привидот на реалноста, премногу е прагматична и стерилна, склона на шаблонизирање, воопштување, како и своевидна слепост кога се во прашање нејзините духовни димензии. Блокирана е оригиналноста, па таа личност не ги гледа или незнае да ги изрази својте внатрешни таленти
    Кога овој центар е премногу отворен, личноста е склона кон различни илузии и бегство од реалноста. Стварноста никогаш не е доволно совршена во онаа мера, во која таа се гледа на својот внатрешен план, што може да доведе до трајно чувство на фрустрации. Урамнотежен со останатите енергетски центри и проточен, овој центар дава моќ да се искористат различните психички дарби. Личноста е способна да ја види суштината на нештата, мудроста ја создава на темел на сопствените искуства, чувствува внатрешно водство и знае да го препознае вистинскиот момент за делување.

    Седми енергетски центар
    Овој енергетски центар се наоѓа на врвот на главата, на темето. Тоа е највисокиот центар на нашето физичко тело. Го претставува надминувањето на просторот и времето. Има бела боја со златен сјај.
    Ова е центар на свесноста и самоспознанието. Во него се содржани сите наши уверувања, како и способноста за свесно усмерување, расудување и трансформација на тие уверувања. Тука е содржано и нашето право да постојано тежнееме кон нови знаења и вештини, да се просветлуваме во тој процес и да бидеме креативни, во смисла на обликување на нови светови на духот со кои може да се трансформира материјаната стварност, во и вон се*е. Во овој центар се решава и нашиот однос кон универзумот, бог и религијата.
    Кога овој центар е затворен, личноста не поседува свест за смислата на сопствениот живот, нејасни и се нејзината цел и животна мисија. Се препушта на водство на различни духовни авторитети. Некои личности немаат изграден духовен интегритет и често се склони да го нарушуваат туѓиот. Не се чувствуваат поврзани со универзалните принципи.
    Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста може да пати од месијански идеи, да го развие тн. “духовно его“ и разни облици на духовна дискриминација кон сите оние што имаат поинакви уверувања. Исто така личноста може да биде и зависна од духовноста и да бега во неа, притисната со тешкотиите на материјаното живеење.
    Кога овој енергетски центар е проточен и урамнотежен со сите останати нижи центри, дава способност на синтеза, длабоки духовни увиди, како и способноста на отфрлање на негативни влијанија и блокади од уверувања.
    Оваа личност вербата ја сваќа како енергија која самата ја усмерува, создава и разградува и живее доследно, во склад со сопствените уверувања на сите нивоа на сопственото битие.

    Седми енергетски центар

    Овој енергетски центар се наоѓа на врвот на главата, на темето. Тоа е највисокиот центар на нашето физичко тело. Го претставува надминувањето на просторот и времето. Има бела боја со златен сјај.
    Ова е центар на свесноста и самоспознанието. Во него се содржани сите наши уверувања, како и способноста за свесно усмерување, расудување и трансформација на тие уверувања. Тука е содржано и нашето право да постојано тежнееме кон нови знаења и вештини, да се просветлуваме во тој процес и да бидеме креативни, во смисла на обликување на нови светови на духот со кои може да се трансформира материјаната стварност, во и вон се*е. Во овој центар се решава и нашиот однос кон универзумот, бог и религијата.
    Кога овој центар е затворен, личноста не поседува свест за смислата на сопствениот живот, нејасни и се нејзината цел и животна мисија. Се препушта на водство на различни духовни авторитети. Некои личности немаат изграден духовен интегритет и често се склони да го нарушуваат туѓиот. Не се чувствуваат поврзани со универзалните принципи.
    Кога овој енергетски центар е премногу отворен, личноста може да пати од месијански идеи, да го развие тн. “духовно его“ и разни облици на духовна дискриминација кон сите оние што имаат поинакви уверувања. Исто така личноста може да биде и зависна од духовноста и да бега во неа, притисната со тешкотиите на материјаното живеење.
    Кога овој енергетски центар е проточен и урамнотежен со сите останати нижи центри, дава способност на синтеза, длабоки духовни увиди, како и способноста на отфрлање на негативни влијанија и блокади од уверувања.
    Оваа личност вербата ја сваќа како енергија која самата ја усмерува, создава и разградува и живее доследно, во склад со сопствените уверувања на сите нивоа на сопственото битие.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Во врска со првата чакра, точно е дека не треба да е активна бидејки го содржи сето она кое првично е наведено во постот за истата, како и тоа да поради неа се дава внимание на материјалното, впрочем и дека треба да се надмине.Поради тоа што е активна, се во светот се гледа се од аспект на материјалното.Ја содржи сета негативна енерија омраза, гнев, осветољубивост и сл.Затоа треба да се надмине.
    Втората чакра се што е напишано е точно.
    Третата чакра прави да е позитивно егото, меѓутоа првата, втората и третата чакра, никако не произведуваат позитивна енергија, а нити пак за останатите чакри.Поделени се и имаат посебна финкција и физичка и духовна.
    Четвртата чакра се што напишано е точно.
    Петтата чакра исто и за неа е точно, но за да функционира урамнотежено, треба да е согласена со четвртата чакра, шесттата и седмата.
    Шестата чакра исто е точно, освен тоа за духовното его.Егото кај човекот, не може да го нема, туку може само да биде неактивно или помалку активно, меѓутоа тоа го прави доколку сите чакри се активни, кои првобитно значење имаат да ја елиминираат негативната енергија.Во спротивно, ако не се активни чакрите, се случува таа доминација на егото.
    Седмата чакра исто е точно, предизвикува зависност кај човекот, од другите луѓе и негово потпаѓање под туѓа контрола.

    Инаку, не може да се види колку се активни чакрите преку интернет, а ниту се точна проценка.
     
    На mimiiiii му/ѝ се допаѓа ова.