Горде (Gordana10), многу е убаво тоа што го велиш и јас сум прва тоа да е навистина така. Но неможам да се согласам со тебе со овие неколку зборчиња кои ги цитирав и болдирав. Верувај последниве години го гледам токму спротивното. Има луѓе кои имаат голема свесност за животот и проблемите кои истиот ги носи, луѓе кои се соочуваат со сиромаштијата и бедата, а се паметни и завидуваат на сите кои се поуспешни од нив, зашто неможат самите да се извадат од калта на сиромаштијата а нели тие се оние толку особено интелигентни и не ја заслужуваат таа сиромаштија. За нив сум ставала рака во оган дека никогаш не би направиле ништо лошо. Од истите тие дочекав малку по малку да слушнам како во овој свет мора да се бориш само за себе без разлика притоа кој ќе унесреќиш или уште полошо уништиш. И јасно и гласно ми го потенцираа тоа. :geek: Има многу вакви примери кои чинам преку ноќ се променија во ликови кои веќе не ги препознавам. И од невини души станале сосем спротивното. А сето тоа е продукт на општеството кое е веќе одамна станато превртливо. Веќе непостојат граници за ништо. Ретки се културните, добрите, чесните луѓе. И жално е што полека и тие се менуваат и потклекнуваат при овој зезнат систем на функционирање. А знаеш зашто и го прават тоа? За нивно подобро утре. Бидејќи цел живот се мачеле во сиромаштија и немале пари ни за тоалетна хартија, па си викаат зашто и понатаму таков да ни биде животот. И го бираат полесниот начин да успеат во животот и да се извадат од таа несреќа. * Затоа и мислам дека огромната свесност не не доведува до она посакуваното - човекот повеќе да внимава што прави и кому му прави. Всушност во повеќето случаи зголемената свесност доведува до тоа да човекот внимава што прави само за свое сопствено добро, невнимавајќи за доброто на другите, а не па за доброто на планетата Земја. Отварањето на чакрите и на нашата свесност е многу полезна работа само доколку личноста издржи да ја согледа таа свесност во онаа светлата страна и да ја користи за правење добро. Свесноста е меч кој е полн со мали испакнатини и кој реже и од двете страни. Пример, зголемената свесност е дека човекот пред се треба искрено да живее и да не лаже или глуми. А што им се случува на ваквите личности кои не глумат кроз животот? Хм тие се чисти самите пред себе и се чисти пред останатите луѓе, но како останатите луѓе ним им враќаат? Со добро или лошо?
Се согласувам со тоа, со се што кажа и те разбирам.Истото и го имам видено, ретки се луѓето кои внимаваат што прават, некои кои биле добри, а се промениле ради икс причини.И потоплно си во право, а и тие, оние за кои знаеме какви биле, а какви животот ги променил.Таков е светов, за да опстоиш ќе треба некој да уништиш, не ради тоа што некој така сака, значи на зборам за тебе, општо, туку заради тоа што самиот живот им го наметнал, поконкретно не бил животот фин према нив, затоа и така постапуваат.Сосем разбирливо ми е, колку повеќе човек внимава да не наштети некому, толку полошо станува за него.Но, има и такви кои тоа им е нешто важно, да уништи, не затоа што животот им наметнал, туку заради својот карактер, каде што многу работи можеле да ги решат на поинаков начин, без да наштетат некому.Тој дел , што го цитира, за кој рече дека не се согласуваш, повеќе беше наменет токму за оние за кои реков пред малку, уништуваат, заради својот карактер.Има и тоа.Значи, тоа е тоа што би требало да се смени, не кај оние кои животот ги натерал, така да постапуваат како што рече во првиот дел. Можеби само ја пренасочиле својата свесност поинаку, со што излегло правење добро за себе си, но не и за другите.За прашањата на крајот кои ги постави, токму тие најмногу страдаат и тоа е многу болно.
Сите луѓе кои прават неправди наоколу, а истите неправди се планирани а не несакани и немарни, ги прават затоа што животот не бил фер со нив. Најголемите психопати настанале поради тоа што претрпеле нешто лошо во своето детство и од истото не можеле да се спасат и им се испревртиле правилните вредности. Исто е и со сиромаштијата и правењето несовесни работи само за да се спасиш од неа. Не верувам дека има човечка душа која од раѓање е злобна. Јас сметам дека на свесноста кај скоро секое човечко битие влијае околината (луѓето-родителите) во која се раѓа и со кои е опколен. Темпераментот точно е дека до некаде во мала мера и ни е зададен од раѓање, но со околината се зацврстува, расклатува, трансформирам едноставно зрее. Сега многу нормално дека има разлика од злобата која понатака ја прави психопатот, со злобата која ја нанесува некоја девојка која бескрупулозно бара богат дечко кој би ја спасил од сиромаштија. Има разлика и не е иста тежината на овие две нешта. Ама и двете се прават веќе планирано и намерно и со умисла. Свесноста би требало да не доведе барем до оној момент кога ние би се пренасочиле кон стремење за добро на самите нас и барем притоа да не наштетиме планирано никому. Барем до тој момент. А гледам дека ваквите луѓе денеска се веќе премалку.
Ок, но кажав затоа што има, не измислувам и не зборам напразно.И јас не верував, ама се уверив. Секако дека има разлика, а во двата случаи се прави лошо.Можеби и во двата случаи, можело да не се направи тоа, значи можело на поинаков, подобар и не штетен начин да го стори истото. Да, се помалку има такви луѓе.
Тоа тогаш само укажува дека тие немале доволно развиена духовна свесност штом така се однесувале или сеуште се однесуваат. Духовната свесност не е исто што и интелектуална развиеност, начитаност, посетеност на бројни предавања, семинари, курсеви! Тие можеби имале многу духовно знаење но немале доволно остварување т.е. реализација. На пр. каква корист ако умееме да готвиме ако никогаш не се нафаќаме навистина нешто да зготвиме од јадења? Духовната свесност и нејзиното ширење произлегува од остварување на духовно етичко моралните животни принципи а не од практицирање на тнр. „спиритуални„ ментални техники (на пр. отворање на чакрите преку техники - што е само вештачко задирање во силите на животот). Според тоа што го прочитав во божјите откровенија за денешницата, ако некој има навистина развиена духовна свесност тогаш тој сè повеќе стапува во комуникација со божественото во себе и тогаш Бог може полесно да го води низ секојдневието кон вистински решенија во вистинско време, независно од мислењето и желбите на останатите луѓе. Ако некои имаат зголемена свесност тогаш таквите поради засилениот прилив на духовните енергии преку центрите на свест (т.е. чакрите) имаат и зголемено трпение и разбирање за нивото на свест (кое може да биде и ниско) кај другите луѓе. Но таа/тој исто така ќе умее да препознава дали и кога другите сè обидуваат да го искористат за свои себични цели и нема да дозволи да дојде до тоа (на пр. благовремено се трга од одредени ситуации, разговори и сл.).
Објаснување за енергетскиот кружен тек на етеричните сили низ центрите на свест во човекот. Спојлер (во терминологијата на источните езотерични учења истите се нарекуваат кундалини-сили и чакри) примено од едно ангелско битие низ телепатска објава преку Божјата пророчица за денешницата. превеземно од книгата: Внатрешен Пат - збирно издание погл. Прв медитациски курс - воведен текст за 3. медитација „Мојата душа се буди во Хрстовата свест„ (изд. Универзален живот)
Чакрите се патоказ за енергијата. Ни овозможуваатт да се поврзуваме енергетски со се што не опкружува. Поради тоа што чакрите се наоѓаат на места во нашето тело тоа значи дека всушност и ние сме канали на енергија. Секоја точка во нашето тело претставува извор на енергија, но постојат 7 главни чакри. Секоја чакра си има своја намена и за да се работи со нив може тоа да се оствари преку медитација.
Темава за чакрите како енергетски центри во нашето тело ми е интересна во последно време се повеќе читем за тоа, гледам на темава одамна немате пишано ама се надевам поново ќе се актуелизира.Сакам да ве прашам дали во Македонија има некој кој може да утврди дали е некој чакра блокирана и да направи нели нејзино отворање, дали познавте или сте биле вие ваш близок кај некоја личност која ви помогнала, нормално да биде стварно професионална, да знае убаво да објасни што како, бидејќи за тоа стварно треба знаење а не приученост, доколку имате искуство, знаете ве молам пишете, јас би одел на таква да ја наречам консултација, да видам да ми се укаже за состојбата на чакрите, енергијата и нејзиното правилно функционирање.
Кaкo се зaтввoрaaт и кoгa? Вo oдредени ситуaции пoтикнaти oд oкoлинaтa? Кoгa медитирaме,требa нa нештo дa мислиме? Зa дa oтвoриме чaкрa?
Root: under-active (-12%) Sacral: open (44%) Navel: under-active (-31%) Heart: under-active (-12%) Throat: under-active (-19%) Third Eye: under-active (-38%) Crown: under-active (-19%) Изгледа треба да си ги отворам другите чакри со една не оди
Читав во првите страни некои оделе на некои семинари на отворање на чакрите ,иницијација итд... Е сега зашто служи тоа која е намената Може и во ПП да ми пишете
Ова го прочитав на страната на терапевката Маја Улк и мислам дека е доста корисно да се знае кога станува збор за оваа тема. "Физичкото тело вибрира на пониска фреквенција па затоа е видливо додека суптилното е на повисока фреквенција која не може окото да ја регистира. Слоевите на овие невидливи делови од енергетското тело се прекачени за физичкото тело преку невидливите енергетски центри наречени чакри. Тие се вортекси од енергија. Во нашето тело има има 114 чакри и 72 000 канали низ кои струи енергијата низ телото. Кога постојат блокади на суптилното тело енергијата во чакрите не може да струи нормално. Од каде и зошто се создале таму блокадите? Блокадите кои се наоѓаат на енергетското тело и на чакрите го блокираат протокот на енергијата низ телото. Овие блокади се создаваат од негативни мисли, потиснати емоции, ригидни образци на размислување, токсини итн. Покрај настанување на болести, знаци за блокади на чакрите се и замор, преемотивни реакции, немање самодоверба, немање мотивација, немање волја, страв, преголем бес, проблеми со контрола и знаците одат до недоглед. Се што не е во рамнотежа е резултат на блокирана или не балансирана енергија во некоја од чакрите. Од проточноста на енергијата во нашето тело зависи како ќе се чувствуваш колку сила ќе имаш, дали ќе бидеш подложен на болести, колку енергија ќе имаш на дневно ниво за извршување на секојдневните задачи, енергија за комуницирање со луѓето околу тебе."