1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чак (Chuck)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од glow, 15 јануари 2012.

  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Chuck (TV Series 2007– )
    [​IMG]

    Chuck е комична, акциона, шпионска серија. Главниот лик - Чак Бартовски(Zachary Levi) е компјутерски гик кој работи како сервисер на компјутери. Еден ден добива мејл од негов поранешен колега од факултетските денови кој ќе му го промени животот. Во тој мејл се содржат најголемите тајни на ЦИА кои ќе се даунлодираат во неговиот мозок. Од тој момент Чак станува мета на многумина кои сакаат да ги искористат информациите што се во него. ЦИА ќе испрати таен агент -Сара Вокер(Yvonne Strahovski) за да го заштитува. Чак и Сара ќе се заљубат и ќе започнат врска. Сара ќе го воведе во животот на таен агент и ќе се соочуваат со многу опасни мисии проследени со многу хумор...
    Моментално се прикажува 5тата сезона.


    Дали ја гледате серијава? Не е баш нова, ама не видов тема за неа. :^)
    Јас ги имам изгледано сите сезони до сега. Од 5тата не ми се гледани само последните неколку епизоди. Интересна ми е, има комични ситуации посебно со Морган - другарот на Чак. :D
    Многу ги сакам и Ели и Девон, совршен пар ми се. :$
     
  2. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Јас ја обожавам серијава.
    Колку ноќи летоска имав непроспиени само да ја изгледам до 4та сезона.
    Е сега,тие некоку епизоди што се излезени од петта сезона малку ми ги утнаа, или излегов од форма за гледање серии, не знам, но не ми се толку интересни како претходните. Се надевам дека брзо ќе се вратат во форма. 8)
    И плус заљубена сум во Chuck. Срце мое убаво :inlove: :inlove: :inlove:
    За тие што имаат одвишок време, топло им ја препорачувам. :)