Обожаваааамммм чантиииииииииииии ЛАни кога ги броев имав 26 а годинава докупив уште неколку Имам во разни големини, бои ,стилови. Но проблемот ми е што претежно се врзувам за една , додека не ја уништам од носење
Многу ми се допаѓаат ташните на ДУКИ И ДАСО од Неготино ама овде по продавнициве ептен се занеле со цените. Една ташна 2900 на едно место, истата на друго 2000. Сигурно во Неготино се доста поефтини. Ако има некој од тој крај да ми каже дали се купува од магацинот или само за на големо е?
Точно дека во Скопје цените се многу големи за овие чанти, кои прво и основно се наше производство. Мајка ми во една прилика отиде во Неготино, со неколку колешки, и се врати со 8 големи чанти, и 4 мали пликоа. Која од која поубава. И истите ги имам во тука гледано, се разбира тродупло поскапи. Биле во магацинот мислам, ама за да влезат морале да свртат кај неколку луѓе. Е сега не знам навистина дали влезот е слободен, ама во поголем број случаеви треба да имаш некој познаник. Еве нека каже некој од Неготино...
Не можам да се замислам да излезам од дома, а да немам со мене ташна... Тие ми се како подвижен ормар, се што ми треба е во нив од моливче за очи, до здравствена легитимација