Пак јас со чантите И пак ќе се навратам на прекрасните шарени чанти со монситра. Се имам заљубено во нив.... Ако ве заболеа очите од мојот пост, веројатно претерав. Ама сите се преубави, нели?
Старфиш доста те молам, зар сакаш да ме оставиш без скршен денар Па вчера купив 2 чанти пак ли Ама досега се што си постирала, се ми се допаѓа..без исклучоци Еве и нешто од мене
Обожавам чанти,ама огромни,големи,некогаш сум во ситуација и куфер да понесам со мене.Порано се чудев кога ќе појдам негде што да ставам во чантата,а сега ми фали уште слободен простор,како Спорт Били сум.
зависничка од ташни се случувало понекогаш да купам повеке ташни во исти бои значи кафеави и јас не знам веке какви ги имам во различни нијанси и големини за секаква пригода црни исто така а може да се најде и по некоја сива,кремава и розе боја не се знае вкупната бројка и затоа сите ми велат дека сум претерувала со купување ама тоа е неможам да одолеам кога ке ги видам на излог и последниот денар го давам за нив.
Ги обожавам имам десетина, обично секогаш се трудам да ми се во склад со чевлите Скоро сите ми се големи, па така фино ми го собира пола шкаф со потребни ствари