дефининитивно не можам без чанта додуша моите повеќе личат на куферии слаба и ниска сум ама чантите ми се колку пола јас обожавам големи чанти и секогаш носам чанта а внатре се и сешто
лелее преубави се ташниве сите ги сакам ,а каде ги има овие бидејќи гледам Радица Лелова има фотосеија ја со нив овие ги има некаде кај нас?
и јас сум голем лубител на чатни секогаш мора да носам со мене и внатре се и сешто ставам бидејќи ми се потребни тие работи а мали ташни носев само на вечерни излегувања сега поретко излевам и речиси и да не ми користат малите
Си носам големи, гооолеми чанти каде можам се да пикнам. Сакам со многу прегради, џебови, за се да е на свое место. Чантите ми тежат повеќе од самата јас мислам дека. Ако сакате да се билдате слободно кренете ја мојата ташна. -.- Никако не би издржала без нив, што се има внатре...Човек за глава да се фати. Навечер, сум во последно време почесто со плик чанти, за да биде во склоп со облеката и мака мачам да пикнам се што ми треба во тие.
обожавам ташни особено нешто поголеми оние како торбици поради фактот што цело време сум релацила дома- мажуле и носам во мене и гардероба за тие два или три дена и ништо не ми собира па морам да се влечам секој викенд со кеси. во план ми се да си купам сега две големки нешто вакви иако може ќе изгледам како да патувам сепак морам да најдам решение па важно ми е јас да се чуствувам пријатно, а јас ги обожаваммммммммм
Чантите ми се неопходност! И ич не сакам плик или други мали ташни и тоа од чисто практична гледна точка - ако нема место за најосновните нешта да ги собере не гледам смисол да ја носам со себе! Сакам од средни накај поголемки чанти, но не и огромни мислиш мини шатор влечам со мене. Повеќе ги преферирам тие со повеќе прегради поради тоа што повеќе успевам да воведам ред во нив, знам во која преграда што точно ќе сместам, а некои џабе ако се големи ако нема прегради се‘ ако ми е како истурено внатре и ме фаќа малку лудило додека пребарувам. Последниот пат кога не носев чанта, а ова се случува само 2-3 пати годишно, го ставив мобилниот во задниот џеб од фармерките и кога се вратив дома ми падна во wc - шолјата, ама во чиста вода. Го сушев на греалица, го пребришав убаво, цела вечер испушташе чудни звуци, ама успеа па опстои, борец и тој како мене, сепак од ова искуство извлеков поука никаде веќе без чанта!
Ауу да! Значи НЕ само поради тоа што гледам да одговараат со чевли или некој моден додаток на мене, туку и поради тоа што имам некоја таква неопходност да носам нешто со мене и што не ми треба.. Некои работи што морам да ги ставам во чанта иако знам дека нема баш и да ми притребаат..Али јас сепак за секој случај! Инаку обожавам секакви чанти, од оние преку рамо до мали чанти за во рака.. САМО едно нешто што ме иритира е тоа што глупаво е што сите веќе носат така, па и досадно е да се гледа низ град СЕ исто ..
не не не сега сакам едан црвена али нешто не ми се дават за чанта баш во моментов 1000ден,можи дека немам ни 1000денари