Најсмешно ми е кога одам некаде и нели, мора ташна да се има во себе. Кога бев на слава пред неколку дена си ја зедов најголемата ташна што ја имам, зошто само таа ми одговараше на облеката, и така фино лепо си ја прошетав на гости и си се вратив дома. Не ја ни отворив, само телефонот го ставив во неа и толку. Дојдов дома и се подразмислив, толку ствари носам со мене само да си ги прошетам. Ако, домашни миленичиња се, нека излезат и тие од дома малку
Модни критики (за не толку храбри феминки) Девојки што мислите за оваа ретро ташна?? Ви се допаѓа ли? Се мислам дали да ја купам...
Девојкиииииии ве моламм да ми помогнетее барам некоја свечена ташничкаа али незнам каде да најдам за нова година ми треба, сакам некоја поевтина, затоа што сите пари ми отидоа уште за ташничка ми останаа али неможам да најдам некоја поевтинаа ве молам помогнете ми кажете ми каде да најдам ..... нешто како плико ташничка белаа ВЕ МОЛАММ САМО ВИЕ МИ ОСТАНАВТЕЕЕ
Ако бараш до 500, Шутка му е мајката, има различни видови од 100, до 350 баш видела тетка ми беше.Оди разгледај.Во Сити Мол гледав , ама сигурно не би дала лично јас да бев во твоја ситуација 1.800 за едно прцулче од ташничка.Само пак ке кажам ш-у-т-к-а.
Секогаш носам ташна. неможам без нив. Имам секакви .. и елегантни и спортски, големи мали во разни бои..
не! бидејќи секогаш ќе ми притреба нешто и сигурно нема во раце да го носам а и не сум навикната да одам негде без ташни постојано сум со ташна
Неможам без чанта..и сакам големи чанти бидејки во мали не ми собира ништо..многу работи носам со мене..и оние плик што се воопшто не ми се допаѓаат. Сакам ваква
Имам премнооогу ташни....што некои скроз сум ги заборавила, па знам да си откопам некоја од пред неколку години... За преку ден преферирам големи ташни за да ми собере се, и многу ме нервира навечер кога не можам да ги ставам цигарите и мобилниот во мала ташна,ама таква мода дојде нели, па се снаоѓам некако.