Никако неможам да носам ташна, носам само малечко ташниче колку да има кај да ги ставам парите и мобилниот
До пред некое време бев луда по ташни и постојано носев, затоа дома имам околу 30 ташни и сите ги носев, но во последно време несакам многу да носам, само имам една оригинал спортска и понекогаш ја носам инаку почесто само телефон и пари во џеб и надвор. Инаку пред некој ден видов едни гумени паричник-ташничка и сакам да ве прашам какво мислење имате за тие дали ви се допаѓаат? намеравам таква да си купам во неон боја беа околу 300 денари така нешто.
Ташни носам.,прво носев малечки и во нив ставав само телефон и пари, со тек на време парите се приширија во паричник, стигна и сјајот за усни а со него и огледалцето, а не е на одмет ако се најде и некое ливче и пенкалце во ташна така и ташната од малечка се зголеми но секако зависи од прилика, за излегување најчесто носам плик ташни Е сега дедека ташните беа нешто ново во животов ми беа интересни постојано носев различна ташна, е сега кога веќе ми станаа како задолжителни за носење(телефонот не ми го собира в џеп а ниту паричникот) некако најубаво ми е кога оддома ќе излезам во хеланки и спортска маичка, без телефон, без паричник...
Ниту една жена не може да живее без чанта Едноставно го истакнува стилот Чантата не е само еден обичен моден додаток туку е и потреба (каде би ги ставиле сите ситнурии ако не во чантата? )
девојки дали за на училиште (средно) носите чанти како ранец http://i.ebayimg.com/t/Nike-Backpack-Ba ... ~60_12.JPG или вакви некои http://data.whicdn.com/images/69513619/large.jpg http://data.whicdn.com/images/69512533/large.jpg http://data.whicdn.com/images/69512057/large.jpg
Без ташни неможам! Мали ташнички нонстоп носам и до продавница,а големи ташни за во школо или за искачање вечерно во град..