Секогаш кога излегувам некаде носам чанта (преку рамо).Обожавам чанти ,и имам многу.Сакам обични ,еднобојни и мали чанти.Омилени ми се кафеавите ...прекрасни се за во лето кога носиш шарени бои,нои за во есен кога владее кафеавата боја.Но во последно време омилена боја ми е минт/тиркизна боја,па планирам и да купам минт чанта.
Јас до сега имам... 1 кремаста чанта. 1 црна ташна. 1 црна со кафено. и толку. Ама сега сум во план да си докупам.
Ги обожавам чантите, и имам повеќе, големи, малечки, елегантни поспортски .... Во последно време само чанти си купувам ... Неможам да излезам без нив. Еве некои кои ми се допаѓаат Спојлер
Во ниеден случај не можам без чанта. Јас сум манијак што секогаш носи 300 работи со себе и морам да носам чанта, и тоа секогаш поголема за да може се' да ми собере. Дури и проблем ми е за одредени прилики кога морам да носам плик чанта, не ми собира ништо. Си сакам поголемки чанти, ем поубаво ми изгледаат, ем можам да напикам се' што сакам. А иронијата е во тоа што носам со себе предмети кои најчесто не ги ни употребувам Ама помирно ми е главчето кога си знам дека си имам се' со мене.