дефинитивно неможам без чанта секогаш носам или плик или некоја средна големина зависи од комбинацијата што ја имам направено
Јас изгледа сум единствената овде што и те како може без чанта. Само имам неколку поголеми новчаници, ми користат до некаде како плик ташничиња и ми се супер. Рака на срце, не ни имам многу екстра големи чанти кои се како цигански торби и собираат буквално се`, ама до сега, не сум ни пројавила некоја енормна желба за да поседувам одредена таква, нити па ми било потребно. (Зборувам за обични излегувања, далеку од чанти кои се носат во школо, факс и сл.) Со мене носам само работи кои се основни, на пример - пари, лична карта, клуч од дома и приврзок од влезна врата, мобилен и кармин (ова последново почесто не го носам ама нека стои во наброените работи, пак понекогаш зафаќа простор) и воглавно, тоа е тоа..
дефинитивно неможам без нив,тие ми се слабост и секогаш кога излегувам нешто да си купам,најчесто се вракам со ташна наместо со тоа што ми треба
Не излегувам од дома без чанта... Имам секвави бои, облици и големини, ама сепак ги обожавам оние огромните бидејќи сум прилично висока (177) и ми баш ми одговараат... Пликоа имам неколку, ама од тие големите имам повеќе од 20 (не е дека се фалам )