Не се замарам многу со чанти, но не можам без нив од користољубиви причини. Инаку, најчесто си носам од тие за на страна, на рамо ме нервираат, не се чувствувам слободно баш, поготово ако треба да пешачам повеќе.
Кога сум по спортски облеќена не носам чанти често, ама кога сум по елегантно облечена секако дека носам . Најмногу ме нервира кога гледам дотерани од глава до пете девојки дотерани а без чанта па како утнато ми е се нз
Повеќето гледам носите торби онака огромни и си велам оти бе оти?!?! што има убаво во толкави торбишта големи? јас мислам според мене најубаво и најслатко стојат ова големина на чанти на женско јас неби носела ништо друго освен вакви
И јас како помала ич некев големи ташни,се си носев од оние малите. Ама откако пораснав не можам да се оделам од овие големи ташни ем ми се многу убави(иако повеке ги носам денски) ем ми се попрактични. Верувам дека и на другите како и на мене колку и да е голема ташната,мене ми е мала.Се си мислам немам ставено многу во неа,кога треба нешто да извадам,оди па снајди се!
Еднаш ставив рака во женска чанта и после тоа не можев да си ја најдам. По фејсбукот некаде го прочитав. Инаку јас без чанта се чувствувам како гола., а особено ако носам штикли, не иде во предвид штикли без чанта. Дури и кога ќе видам некоја, ставила штикли и без чанта, ауууф, ми изгледа како да сакала да претрча до продавница.
http://www.lancel.com/en/women/handbags ... -a06277-d2 не можам сликата да ја копирам, затоа ете го линкот...уште 1000 евра да имав...
секогаш кога бирам чанта гледам да е голема колку да ми собере новчаник и чадор... сакам чанти но не купувам не знам зошто..
Не можам без нив! Се свое со себе си носам Новчаник, огледалце, крема за раце, марамчиња и уште некои мали чуда што ми помагаат во секојдневното движење. Ги имам повеќе, ама не често ми текнува да се подновам со нова. Веќе ги имам во речиси сите бои. За излегување се најчесто поедноставни "пликоа", а за на работа и везден ги бирам со средна големина.