Премногу ги сакам чантите Би можела без нив..но скоро секогаш носам чанта со мене бидејќи во неа имам еден куп работи
Чантите се естетски и функционален дел од нашите додатоци.Ги сакам и редовно ги носам.При изборот внимавам на големината за да соодветствува со мојата висина,а бојата ја комбинирам со обувки или пак некоја боја што преовладува во гардероберот.Најчесто избирам чанти во темна боја,а од светли имам бела и кремова.
Не сум нешто возрасна не ми е забрането да носам ташна се тоа би изгледало убаво на мене зашто сум доста развиена ама баш и не сме во добри финансиски средства со мојте да си купувам секогаш и различни обувки за да ми одговараат и гардеробата ми остаре деновиве морам да одам да си купам нешто )
Искрено, би можела и без чанта да функционирам. А и малку работи носам со себе, само најосновното.. пари, мобилен и цигари кои можам и по џебовите да ги пикнам.
Не често носам чанти но некогаш се што фали за комбинацијата да биде совршена е чантата.Највеќе ги сакам чантите за преку рамо.
Ауу без чанта не можам да живеам ахха Да излезам и да не носам чанта чудно ке ми биди, секогаш носам чанта за излегување, иначе најмногу ги сакам оние чанти преку рамо!
За мене важи правилото, што поголема то поубаво. Иако порано купував само малечки сега веќе потреба ми се големите чанти. Ги обожавам оние трапезните.
Чанта носам само за на школо и тоа ми е така со средна големина и можам да си ставам на неа ака како долг колан за преку рамо а можам и онака да си ја носам само на едното рамо. Ама мене секогаш ми е ставен коланот оти онака ми тежи. А инаку за во град имам 2 малечки и зависи ако носам нешто црно сиво или бело можам да си земам и ташничка, ако не си одам така со рацете во џебот хаха.
Значи јас сум чудо.А видам некоја ташна или паричник и ми се допаѓа не е битно колку пари е веднаш го купувам.Слабост ми се ташнните и паричниците.Дома имам милион а не ги носам БУДАЛА
До пред неколку години ич не сакав чанти. Ќе напикав се` по џеповите, ама да носам чанта не доаѓаше во предвив. Сега, не можам да замислам да излезам, а да не носам чанта. Ги имам секакви. И големи и помали, во сите бои. Преферирам поголеми чанти, за да можам да носам се` што ми е (не)потребно.
Да... Какви чанти, никогаш не носам. Ниту малечки, ниту големи (за големите и така сум мала уште). Ми сметаат многу, не ги поднесувам. Кога одам со некоја девојка/жена некаде, неа и` ги давам моите работи да ги стави во чанта. Ако не одам со женско, тогаш се` во џеб наставам, и гледам да понесам што помалку работи, т.е. најосновното (телефон, слушалки, лабело, пари, паломи).
Често патувам во странство, и секоја можна прилика ја користам ...барем да ги допрам и помирисам Мојата најголема љубов.............. LANCEL кога ќе дојде денот кога ќе си купам една ваква