Било каде со чанта секаде... хехехх имам секакви и големи и мали од секакви места купени ...ги обожавам
Можам без чанта,ако носам некој паричник со мене,инаку секогаш носам чанта (било да е мала или голема). Мојата омилена:
Порано се бутав во џеб, но сега не се двојам од ташната. Не дека е нешто голема, нормално малечка. И така не ставам којзнае колку работи во неа.
Порано ретко носев но сега нема врска дали излегувам или одам негде морам да имам со себе една а ги имам многу
И јас каде и да одам носам чанта.Обично носам помали,е сега последната што ја купив е така поголемка иако не ставам многу работи. Ако некогаш ретко се случи некаде да излезам без ташна се чувствувам празно и како гола да сум. Освен тоа не знам на рацете што да им правам, во џебови не ги ставам а да ги мафтам онака ни тоа не иде.
Без чанта никако не можам да се замислам себе си. Тоа е број еден кај мене, тоа ми е слабост, ги обожавам имам секакви, големи мали, елегантни, спортски, во повеќе бои, лаковани, мат, ниту една ташна никогаш не ми е на одмет ги сакам сите. Тоа ми е слабост.
Последните 3-4 месеци носам една иста ташна незнам зошто најверојатно оти ми е единствена голема сите други се клач или обични малецки за на рамо и едноставно во оваа ми собира се во останатите морам да се ограничам на телефон и пари . Ми стои до вратата и на излегување само ја земам го ставам телефонот и одам без да проверувам знам дека се има внатре од пари и картици до ханзаплас
Ако излезам низ населба или кај некоја другарка не носам ташна, но ако одам во град на кафе тогаш си носам
Не можам без чанта! Но скоро секогаш тоа е мала рашничка за на рамо, некако попрактична ми е. А и што поголема, тоа повеќе непотребни работи ќе ставам
Не можам. Ако не носам чанта, носам паричник. Бидејќи секогаш носам со мене клучеви, кармин, телефон, пари.
Без ташна како нешто да ми фали, нема шанси да излезам од дома без да ја ставам преку рамо... или било каде и да одам макар и у комшии или до продавница не ми се случило да ја заборавам. Се свое со себе си носам хаха