Обожавам ташни и најмногу трошам на нив. Нема ништо поубаво од чувството кога ќе си купам нова ташна,па ја отпакувам,ја гледам,па правам комбинации со што ќе ја носам...уф уф Постојано носам ташна каде и да одам,бидејќи дава една целина на изгледот,како што вика @rainbowec ,без ташна нешто фали. А и во скоро време планирам да си се подновам ,уште од сега се радувам, како мало детенце сум.
Не можам без чанта. Обожувам огромни чанти за се да ми собере. Некогаш и јас самата не знам што има во нив, а не дај боже телефон да зазвони офтика ќе го фати оној што звони дури одговорам. Мразам мали ташнички и плик ташни.
Од секогаш ми било многу мерак за ташни и мислам дека вреди да се дадат повеќе пари за нив. Носам секаде, и малечки за преку рамо и големи за секој ден. И си ветив дека кога ќе станам богата некој ден ќе си ја купам оваа:
Чанти обожавам и тоа од големите. Секогаш ми е уредна и чиста, ама нема што нема. Мобилен, паричник, клучеви, цел арсенал шминки, цел арсенал дезодоранси, парфеми, млека за тело, стикчиња... Мм ми вика дај изрошкај во куферот нешто извади. Ќе паднеш по пат, 10 кг тежи
Без ташна никаде! Неопходни се, особено поголемите, за на факултет/работа. Внатре носам се што е неопхпдно за оддржување на изгледот надвор од дома, чешал, лабело, шминка, и секако телефон, пари. Освен тоа, битни се и како додаток, денес се наоѓаат баш елегантни модели по добри цени, не мора да коштаа 100+ евра, а ем вршат работа, ем навистина убаво изгледаат.
Без ташна никаде, внатре може да се најде се и сешто. Најчесто носам поголеми ташни да може се да ми собере малечките ми се само за изглед не се воопшто корисни. Имам многу ташни и се надевам дека во скоро време ќе си земам и некоја марка
омилен додаток, без чанта никаде, и плик чанти, и големи и средни имам, и класични и необични, најмногу уживам да ја подготвувам чантата кога излегувам.. моментално омилена ми е од Guess која ми е подарок од братучетка ми.
Па ташните, искрено не се за моја возраст но ајде тетките мои имаат многу многу чанти. ипппреубавипреубави. Па имаат вакви слични, но нивните се поубави.
Sekako deka ne mozam..se somnevam deka vo dzep ke mi gi sobere site drebulii sminki neseseri sto gi nosam so sebe..mislam prasanjevo
Јас искрено имам малце чанти не знам зошто некако стално заборавам да обрнам внимание на чантите за разлика од чевли, штикли итн.. Имам една чанта омилена ми е се во неа носам сегде со неа одам освен секако за излегување кога носам пликови... Ми се вика Надја чантата И мн си ја пазам и сакам.
Мислам дека ако излезам без чанта како главата да сум ја заборавила дома како да фали дел од мене, навика ли е што ли е појма неам, само знам дека неможам без чанта! Башка се нешто ќе ми затреба, на машките полесно им е само новчаникот у џеб и толку а ние, огледалце, палома, влажни марамчиња, одредена шминка, (лабело или сјај за уста), новчаник, телефон, мастики..кај да ги ставам сите овие работи?! по џебовите?
Обожавам, најмногу пари фрлам на тоа. Кога се работи за чанти омилени ми се на Guess и Michael Kors, барем тоа можам да си дозволам, ама кога би имала не би жалела пари ни за една Prada или Birkin. Туку да не се занесувам многу
Дајте некој предлог од чаршија од каде можам да купам некоја по асална ташна. Знам има неколку продавници, но незнам што квалитет имаат