Без чанта? Не излегувам од дома без чанта!!! Ги сакам во сите големини - мали за вечерни излегувања, средни и големи за на работа и за шетање по град, а мало ранче за прошетки во природа!!! Обожавам и чанти од текстил, посебно со романтични карнерчиња или везени апликации.
Да, можам без чанти. Ги немам многу, неколку само ..и не носам често..ептен ако имам многу работи.. почесто сум само со мало ташниче
Чантите ми се слабост и не ми е жал да дадам повеќе пари за убава и квалитетна чанта,која знам дека ќе ја носам долго време. Моментално на wish list ми е оваа од Guess
Обожавам чанти, слабост ми се. Ако не носам со мене кога излегувам како дел да ми фали и незнам што да правам со рацете. Ги имам повеќе и не излегувам без нив, зошто носам премногу работи (безпотребно), па дури и чадор имам во секоја , така да не ме собира во малечко. Малечки носам за вечерно излегување.