Јас имам и сум задоволна многу ми се симпатични и мислам вредат, доколку сакаш да купиш би ти препорачала оргинал да купиш не од фб страна.
Да да, за оригиналот мислев. Гледам доста негативни искуства со Obag outlet. Tуку, гумата дан се оштетува лесно?
@Tea678 Ти благодарам. Ги гледам тие на Пинк. мк имаат преубави модели, ама скапички им се од 2.000,00 па нагоре... @Elence93 Ти благодарам, да не инвестирам за џабе. Имам слушнато дека се носат од Кина...
Мој совет почекај попуст на Карписа, имам две чанти од таму и можам да кажам дека ги износив до максимум и уште не се оштетени никаде. А ги купив околу 2000 ден.
Дока ти се пред се модерни ташни со не баш добар квалитет. Јас имав една мала ташничка на која за брзо време и се скина копчето што е како нитна од напред. На преклоп беше ташната Што знам, можеби јас имам лоша среќа, ама ако бидам искрена не би купила пак од таму Кај нас нема убави квалитетни ташни за кои вреди да дадеш некој денар повеќе и да ги имаш со години
Јас сум задоволна, имам неколку и редовно си ги носам. Една ја носам скоро секој ден веќе 2 години и исто како нова е. Имам и една како плик чанта со светки, така поелегантна и иста е и она, ништо нема мрднато. Генерално добри се, е сега над 1500 се сите овие моиве. Знам имаат и некои поефтини, дали има разлика во квалитетот не знам.
Здраво девјојкии Дали некоја знае како да си ја исчистам белата (кожна) ташна поцрнета од облеката на која се допирала носејки ја
Пробај со ацетон, но само ако е еко кожа. Така ја исчистив јас, валкано бела е мојата. За кожа не знам, дан се оштети од ацетонот
Мислам да. Евентуално пробај од антибактериските во плаво пакување, тие се појаки за бели патики ги користам. Земи од малите пакувања, 15-20 ден се.