До сега од сите ташни што сум ги имала МОНА се покажале одлични. Цената им е солена, ама вредат. Класика се. Гес како модели се супер, модерни и шик, ама дека вредат за парите едно големо НЕ.
И јас се сложувам за guess имам ташна од 20.000, квалитет како од пазар купена, маиците 4.000, квалитет шутка, со распукан принт и некои други раб, не купувам работи од guess не знам дали е вака по странство или кај нас само.. Ги сторивме лом guess, ама ќе ни простат
Се согласувам гес не се нешто посебно. Би земала од кај нас ако начекам ептен добар попуст и некоја невообичаена ташна, пре од странство ќе му нарачам на некој. Пре од пинко би земала или Лагерфелд. Фини попусти знае да има на Farfetch апликацијата.( доста брендови имаат и све и свашта)
Сите работи од Мона имаат интензивен мирис на кожа, што е и нормално. Пример и кожна јакна или бунди од природно крзно од каде и да се мирисаат така. Со тек на време мирисот малку се намалува. А нај интересно е што ете Зара на пример, имаат парфеми со мирис на кожа кои мирисаат многу слично .
Јас сум задоволна од Obag. Имам неколку и ги носам преку цела година. И на плажа секоја година, и на планина. Квалитетна е гумата, ми нема испукано и лесно се одржува. Ама солени се со цени и никогаш немаат wow попусти.
Кожата мириса. Ташна, чевли, јакна што и да е. Нормално е тоа Јас не спомнав за мирис, туку за квалитет на производ.
Преубави се од МОНА, со години не се оштетени тие што ги имам, квалитет се. Вредат дефинитивно. За овие Obag што сте ги спомнале одамна се мислев да купам некоја, интересни ми се, но стварно немаат ич попусти, а цените како да се превисоки за гумена ташна. Квалитетни се стварно или не вредат за таа цена сепак?
Јас убав попуст во Мона немам начекано и мислам дека немаат. Можеби тоа да биле само десетина посто и тоа ретко на некој одреден модел.
Да, ептен се циции. Попуст само на конфекција начекувам, а многу ретко попустче на ташни, и тоа само на некои неатрактивни. И забегаа со цени. А каде на друго место да бараме убави кожни ташни со голем избор и попристојни цени, навистина не знам.
Обично околу Нова година и за 8-ми март имаат попусти. Ама за кожната колекција секогаш 10% попуст имало, никогаш повеќе.
Реално мислам дека се едни од најубавите кожни чанти на нашиот пазар, свесни се и од таа причина држат цена. Инаку кожни чанти сум земала и од Carpisa или Parfois ама нема никаква споредба. Барем на попуст биле па реално и не сум ги платила баш до толку. Незнам навистина каде на друго место се наоѓаат убави и квалитетни кожни чанти кај нас, ако има некој идеи нека сподели.