Кога се работи за чанти ,моментално имам на Doca, Duki daso, Tommy Hilfiger Најмал квалитет имаат тие на Doca, не дај Боже некаде да ја допреш одма се оштетува
Од чантите на Дуки Дасо не сум задоволна особено од оние со вештачка кожа веднаш прима боја. Најзадоволна сум од Parfois,Guess и Muy.
Ах ташни ми се бескрајна опсесија. Имам од карписа, дукидасо, гесс, лагерфелд , котон, пинко и мона. А да и од мегафашион имаат скриени богататва од ташни. Една класична мала црна ташничка( чинам од страдивариус беше) ја искинав од носење а некои 600 ден беше. Генерално по скапите се чувани со тапа квалитет се покажа лагерфелд ( * малечка со цветчиња е цела е баш тие почнаа да се бришат после 1месец ипол носење), гесс се релативно океј рачките знаат да се разлабават мада ја износев, али па и други утепувам па ок се, пинко се топ али оние со ланец само се мука се лизга од рамо и мораш во раце да ја носиш. Али е совршена па и простувам. Скроз сум бег а холик, не треба сама да сум оставена у продавница. Ташна на сите ташни ми е шанел класиката средна величина ах, мај лав.
Ми треба ваква секојдневна ташна и да е со убав квалитет. Купив од Дукидасо и се скина рамката, па испука материјалот и ништо. Дали некоја има ваква од Тенденз и дали е квалитетна?
Пред некоја година залетена бев по тие класичните тоте на Ted Baker ама не зедов забаталив. И сега пак ми фркна во глава оти видов дека ги носат есенва светло розевите и сакав да земам. Сакам онлајн да ја порачам од Британија ама не знам димензии на малите и големите. Многу големи ташни не обичам, средна големина ми се пасија, па дали некоја членка ги има да ми каже големина отприлика и на големата и на малата.
Jas nosam mali tasni temna boja crvena plava od pazar kupeni po niski ceni ama gi pazam i kako novi mi se
Уф, мислам имаат али ако нарачуваш почекај добар попуст да не платиш многу данок. Инаку преку дхл се пратките. Ја нарачував кај другарка што живее во странство.