Јас сум задоволна, со години ги носам, макар и на тие од Дуки Дасо не можам да се пожалам засега се покажале добри
Искуства со Мона ташни. Имам голема црна класична, сум задоволна, сега гледам помала со синџир како рачка. Бидејќи се поскапи сакав да прашам за дали некоја има, зошто сум купувала од познати брендови па синџирот потемнувал. Фала ви
Дефинитивно вредат. Само што кај нас ако го скенираш кодот не функционира, а би требало, што ми е малце сомнително. Го имам слушнато ова од други, јас лично немам пробано. Исто да знаеш во Србија се некои чанти поефтини, некои по повеќе од 1000 ден.
Имам две од кои едната е со сребрен ланец и воопшто не е оштетен. Мене ме интересира златните ланци дали имаат проблем?
Ништо посебно не се а цените се високи. Почнале да се занесуваат па да ставаат чанти и од по 2500-3000 ден. Важи, нема проблем дека ќе дадам толку пари за Дуки Дасо. Евентуално нешто на попуст да начекаш. Подобра опција според мене се Парфоа, Карписа, евентуално Марабела ако најдеш нешто кое ти одговара.
Сакам да те прашам од Мохито ташните како си задоволна? И од новчаниците на Марабела. Јас имам од Парфоа два едниот ми се погоди екстра, ама другиот брзо се расипа патентот а не се баш ефтини. Сакам некој квалитетен, гледав на Guess и Lui Jo летоска начекувам екстра попуст онлајн. Ама не знам какви се.
Многу сум задоволна од чантите на Мохито. Не сум имала прилика многу да ги износам оти секојдневно ги менувам ама мене ми личат на квалитетни. А дизајните им се врв. Цело време посакувам некоја. Марабела пак, неодамна купив за прв пат и ми личи на доста цврста и убаво изработена. Иако и тие малку се занесоа со цените. Мохито барем на попуст кога се се наоѓаат и за по 1000 ден.За паричник имаш опции како Карписа, исто може од Мохито да пробаш.