Карписа новчаниците и ташните им се бонбона. Тотално сум изненадена, онака ташна бренд ми се има распаднато карписа ташна више 5 години ја носам и уште е океј и новчаникот. А имаат преслатки дезени ..
Да ти кажам сеуште не можам да најдам а да не биде на патент туку преклоп со простор за многу картици. Од Мохито не ме воодушевија нешто, ги гледав баш на патент како повеќето од Парфоа. Guess освен дезенот однадвор внатре сите се исти. Карписа знам гледав еден ама забележав дека материјалот им поприма боја. Многу сум специфична кога се работи за ташни и новчаници, сакам нешто што е идеално и убаво, да си ја задржи формата по некое време без да се распадне или уништи.
А зошто не си симнеш Bonus card спликацијата не ги скенираш картиците , мене животов ми се смени хаха . Вака новчаникот како бабура. Немам применетено смена на боја кај карписа, ја од мона имам моментално ( го сменив баш тој од карписа пред1 година, ми се здосади) и после 2 месеци ми смени боја! Кое факинг разочарување на таа пара!
Ми се допаѓа една ташна од Caprisa, пишува дека е кожа , па ме интересира да ли сте задоволни од квалитетот на кожата? Сега им се на 50-70% попуст па има и за околу 2500 ден кожна ташна.
Mене ми донесоа на поклон мислам дека во 2016 ташна и често ја носам, нема мрднато до ден денес. Не е кожна мојата ама ја сум општо задоволна од квалитетот
Јас сум многу задоволна. Имам 3 ташни од кои едната ја користам 3 години, со носење лаптоп и се и сешто. Иста е како кога ја купив.
Од Верде сум задоволна, издржливи се, а и се со некоја пристапна цена. Дуки Дасо и така и така, нешто се погоди, нешто не. Некои од нив се толку тешки овие зимните, па ми претставува мачење кога ги носам, затоа почнав да ги избегнувам. Многу ги бендисувам ташните на anekke, долго време се мислам да се почастам некоја, малку се поскапи, ама дали вредат за парите? Дали некоја од вас има? Само паричници има по 4000 ден, а ташните и над 6000 ден се некои. Многу ми се несекојдневни, а и за таа цена најверојатно е кожа.