Зависи колкава сума планираш да оддвоиш. Кожни линии на чанти имаат во Карписа и Парфоа на пример. Исто низ ГТЦ има низ оние продавници од типот на Горица Трејд, може да се најде нешто ок само покласично. Интересни и шик модели имаат во Риплеј. И едни од најубавите според мене ама и со доста соленка цена се оние на Пинко. Ако не ти се брза почекај ги попустите после средина на Јануари.
Зависи каква е и од кого е. И Биркин се квалитетни ама ние немаме пари за тоа. Доколку е кожна чанта од некој добар бренд и знаеш дека би ја користела во наредни 20 години минимум 100 евра
Имав мала и за кратко време ми се скина рамката. Поквалитетна и поефтина и сличен модел испадна од Pull&Bear.
Дали имате нарачувано чанта од Farfetch, се плаќа ли достава и царина и колку д, знае некој? Благодарам однапред
Гледам често ги земате ташните на Мона. Убави ми се ама кога ја отворив тоа цената се шлогирав Добра инвестиција се? Квалитетни се?
Благодарам Баш ради тоа сакав да прашам дека се прескапи а гледам во темата доста феминки ги имаат, па си велам сигурно се квалитетни штом ги купуваат. Ептен си ја бендисав една, ама ќе видам дали ќе си ја земам, дали ќе пуштам срце
Дали некој има ташна од брендот Anekke? Ги гледам одамна ама никако да се решам да купам. Како се на квалитет? Ги има многу видови и штета кога стават попуст е нешто смешно, искрено мене тие 300,500 ден ништо не ми менуваат. Се чекам да има некој поголем попуст ама изгледа кај нас толку е најмногу попустот. И лани во странство ги гледав и таму се исти цените. Како и да е ова лето ќе се одлучам за некоја, во Ист Г има голем избор. Ама па за тие пари, веројатно се кожени, паричник мал е најмалку 50 евра..