Каков крш е fashion & friends се изненадив,пред некоја година добив чанта од guess на поклон убаво запакувана и тоа се, истата ја најдов на страната мада имаше цена и на етикетата личноста која ми ја донесе изгледа не ја тргнала 14.000 денари, чантата да ја видите е како од шутка материјалот порано што ги купувавме по 200 денари, што се величат толку fashion & friends и guess нема да ми биде јасно никогаш, не значи ако е нешто марка и пишува кожа дека е стварно така, не давајте пари по глупости
Мене па конкретно тие на Guess што ги имам ми се погодија. Само ги имам фатено на голем попуст за доста ок цени. Полна цена да се плати за нив не е рационално. Што е право, има многу поквалитетни.
И мене не ми се допаѓаат чантите од Guess. Во последно време повеќето нивни модели ми делуваат евтино и кич. Пред неколку години имав купено две чанти, имаа во тој период некои што ми се допаѓаа и после некое време, почна да се рони и распаѓа скајот. Истото ми се случи и со еден паричник што имав добиено на подарок.
Здраво , дали некој знае некоја страница од каде можам да нарачам од оние малите Prada ташнички?? Итно ми е.
Обожавам чанти,имам многу и опсесија ми се.Но не купувам скапи или брендирани.Најдобро погодени ми се до сега на Carpisa,иначе земав од Duki daso i bag to bag не бев нешто задоволна од нивниот квалитет.Сакам да земам на Verde ,ме интересира искуство дали се Ок?
Ок се. Низ Грција секогаш ги начекувам на 50 посто попуст. Не викам дека е којзнае каков квалитет но за тие пари се супер.
Мене guess чантите ми се одлични, се чудам зошто толку се жалат другите. Имам купувано и од fashion & friends и од Холандија,Грција… квалитетот ми е добар, не ги носам секој ден иста чанта можу затоа ама не знам баш ми се допаѓаат на мојот стил. Исто имам и блузи, џемпери, кошули и сите ми се омилени.
Каде има кожни чанти освен Мона? До 100 евра некаде. Барам чантичка за секој ден, не многу голема. Постојано купувам од Карписа и Парфоа и после една година изгледаат како со години да сум ги носела, почнуваат да пукаат.