Првата е тренди и стилска, ќе ја носиш сигурно до крајот на есента. Жолтата боја доминира летово,а ќе доминира и на есен. На пролет можеш повторно да ја носиш ќе пренесеш свежина и топлина. Другите две се стандард класика, втората не би ми стоела за зима, пролет или лето ќе помине. Црната е безвременска сите сезони.
За да си ги скратам маките, после работа ќе идам право во Carpisa на лице место да ги видам во живо ташните, поубаво ќе видам и боја и модел и се. Tnx секако
@rainbowec мене ми се свиѓа црната, ама ако веќе имаш друга црна ташна, тогаш гласам за беж-розовата. Преслатка е. И жолтата изгледа преубаво, мислам дека лесно ќе се комбинира, ама кога има нешто розово во игра, секогаш сум за таа опција.
Изборот падна на оваа ташна Бев во Carpisa, ги видов сите три и дефинитивно оваа ми се допадна најмногу, а и највеќе ќе можам да ја комбинирам со облеката.
На претходната слика изгледаше ко пудресто розова, леле, ме изненади нијансава во живо. Уште поубава е на твојава слика, искрено, јас би ја носела преку целата година. Класика е, навистина е прекрасна ташнава. Со здравје да си ја носиш.
Благодарам, поубава да си купиш. Затоа ми беше пресудно во живо да ги видам, бојава е сон. Таа жолто со маслинесто исто е преубава, ама жолтата нијанса е меѓу жолто и зелено во живо.
Леле преубава е, со здравје да си ја носиш. Која е цената? П.С. Карписа сега да ти дадат попуст за промоцијава што им ја направи
Да те замолам да ми пишеш димензии, барем отприлика. Сакам да ја нарачам, ама нема димензии онлајн. Фала