Луѓе, ја најдов скроз истата ташна што ја барав (копија на оригиналот) на една онлајн страна на инстаграм. Преубава е само ме мисли цената, 3500 денари е… Еве слика од ташната.
Изгледа како вештачка кожа со мат финиш или превртен ефект... Убаво изгледа материјалот ама да знаеш бара малку повеќе внимание за чистење за да не останат дамки ..некако скапо 50 и кусур евра за ваков материјал
Знам, скапа е… најдов сличен модел во Зара има 1990 денари е, а на Амазон најдов друга околу 1700 денари. Премногу пари некако ми е за ташна 3500 денари, иако е буквално тоа што го сакам. Еве ја од Зара А оваа е од Амазон, и двете бои ми се свиѓаат.
Имам нарачано од странава пред два месеци, за друга ташна. Ташната е копија на оригиналот но е целосно иста (тврд патент, картонска подлога…) како да ја имам земено од бБтпазар. За да ти ги заштедам парите ако веќе се мислиш оди подобро таму поефтина ќе земеш а е истава од странава
Дали некоја порачувала ташни од тука? Мислам дали се исти или оргинални од обаг? Една колешка порачувала и вика оргинални се ама јас сум нешто скептична
Каде ги чувате чантите (посебно оние што не се користат толку често и реално зафаќаат простор, како ги одржувате)? Во последно имам проблем со нив, сѐ си мислам на оние организерите од Тему за чанти, дали се корисни за во плакар или сепак не..?
Огромен фан сум на чанти. Си купувам секогаш кога имам заштедено пари. Имам на Guess повеќе, но нема да купувам во иднина бидејќи квалитетот е се послаб. Michael Kors имам две. Тие си ги чувам и пазам ептен. Едната ја земав онлајн од BestSecret , другата од продавница во Фиренца. Многу се квалитетни и двете. За на работа ми е жал дури да ги влечам. Добив подарок LiuJo, не сум фан на брендот, ама од драга личност е подарокот, па си ја носам. Trussardi имам една, а не е нешто многу убава ама е практична. Многу лесно се одржува кожата. Victoria's secret имам две од кога бев тинејџерка. Квалитетот е очаен. Армани фрлив вчера, 10 год чанта беше, минимално користена ама кожата се кинеше и се лупеше. И немаше спас.. Karl Lagerfeld засега имам една, секаде барам да биде со мачето на Карл, ама тешко се наоѓа. Чекам на попуст да начекам на Zalando. Doca имам ранец, не е нешто посебно. Ниту дизајн ниту квалитет. Desigual, Mona и дуки дасо носат колешките. Јас немам вакви. Desigual немам начекано убав модел. Мона се скапи да, ама ништо нарочито, слични ми се многу со Furla. Дуки дасо имаат лош некој мирис и премногу накитени премногу вришти лого од нив. Може кога ќе имам пари ќе си купувам Hermes, Gucci, Louis Vuitton. А копии на скапи брендови мразам. Ако можам да си дозволам оригинал ќе носам, ако не ќе си заштедам и ќе купам MK. Или ќе купам Carpisa. Реално 2 чанти од Дуки Дасо се со цена како 1 desigual или guess. Па подобро ќе штедам неколку месеци и ќе купам нешто потрајно.
Replay ми се незаменливи, омилени засекогаш. Ги сакам оние малите што не собираат ништо освен новчаниче и сјај за уста, не сакам огромни ташни. Надвор од Македонијава, може да се начекаат на многу добар попуст. Мона ми се свиѓаат многу, исто помалите модели. Сите ми се многу елегантни и квалитетни, мислам дека немаат смрт. Карл и Валентино исто. Од Guess ретко да ми фати око некој модел, не ми се по вкус. Дуки Дасо се океј за некоја прилика, али за секојдневно носење мислам дека не ги бива. Барем мене така ми се погодувале, и ташни и новчаници после некој месец изгледаат ко со години да сум ги носела. Ташни од Њу Јоркер или рандом бутици ми се покажале поквалитетни од нив.