Филмов (се извинувам ако има друга ваква тема)е навистина преубав. Малку е тажен бидејќи Спојлер брат му на Чарли, Сем ќе умре и после Чарли ќе полуде од жал за брат му. Се случуваат многу интересно, тажни, а има и радосни случки. Содржина во спојлер. Спојлер Чарли Сент Клауд (Зак Ефрон) е искусен морнар од пацифичкиот северозапад, кој тукушто добива стипендија што ќе го однесе далеку од дома. Чарли и неговиот помал брат Сем се светлината во животот на мајка им, но возејќи се доцна една вечер тие доживуваат смртоносна сообраќајка во која умира Сем, а Чарли се менува засекогаш. По несреќата, Чарли е преполн со вина и е убеден дека доколку бил повнимателен зад воланот, Сем сè уште би бил жив. Кога Чарли почнува да гледа привиденија од својот помлад брат, кои изгледаат реално исто како Сем да стои пред него, неговите пријатели и соседи почнуваат да мислат дека тој се мрднува од умот. По кратко време, поранешната средношколска соученичка на Чарли, Тес, ненајавено се враќа во градот и тие двајца започнуваат љубовна врска. Но пред да може Чарли да продолжи со својот живот, прво ќе мора да го остави своето минато и конечно емотивно да се збогува од својот сакан брат Сем. http://www.youtube.com/watch?v=3b1VmHg1V5Q