Чарлс Буковски е американски писател. Започнал со пишување поезија и кратки раскази, а подоцна пишувал и романи, во кои има многу автобиографски моменти. Многу кои почнале да го читат, брзо се откажеле и ја оставиле книгата. Факт е дека не можaт сите да го сакаат. Неговите перверзни раскази и силниот цинизам, за многу се претешки. Некогаш делува и како мизантроп. Лично јас, го обожавам. Мислам дека многу повеќе го бива за поезија. Некои цитати од него: - Some people never go crazy. What truly horrible lives they must lead. - My ambition is handicapped by laziness. - Poetry is what happens when nothing else can. - Boring damned people. All over the earth. Propagating more boring damned people. What a horror show. The earth swarmed with them. - There is always one woman to save you from another and as that woman saves you she makes ready to destroy.
Цинизам, подбивност, презирање и сарказам кој навидум е одвратен, но е толку длабок и недвосмислен што едноставно е неодоллив. Перверзен и груб барајќи ја единствената искра на оние кои живеат во мракот, на оние кои одењето по работ им изгледа како одење по небото. Обожаван е од не голем број на читатели, но е убедливо оргинален и неповторлив.
Има нешто добро и во него Затоа што го знам каков е, ептен се наежив од неговата најпозната песна, Bluebird there's a bluebird in my heart that wants to get out but I'm too tough for him, I say, stay in there, I'm not going to let anybody see you. there's a bluebird in my heart that wants to get out but I pour whiskey on him and inhale cigarette smoke and the whores and the bartenders and the grocery clerks never know that he's in there. there's a bluebird in my heart that wants to get out but I'm too tough for him, I say, stay down, do you want to mess me up? you want to screw up the works? you want to blow my book sales in Europe? there's a bluebird in my heart that wants to get out but I'm too clever, I only let him out at night sometimes when everybody's asleep. I say, I know that you're there, so don't be sad. then I put him back, but he's singing a little in there, I haven't quite let him die and we sleep together like that with our secret pact and it's nice enough to make a man weep, but I don't weep, do you?
Последна книга што ја прочитав од него е Палп. Приказната на книгата е од глупа, поглупа, ама мн. се смеев. Пуууу шо човек ќе беше и какви quotes има... Најсмешно ми беше кога се мајтапеше со некоја си од хот лајн. И оваа му вика, фати го тоа што е до тебе, фати го... Па до мене има чаша, цигари, телефон... Не, не - вели таа, тоа што е големо и кренато. И овде Буковски: А тоа е мојот стомак!
Значи го обожавам човеков! Гениј е, во секоја смисла. Скоро секоја поема и роман му ги имам прочитано, но нема да заборавам кога во едно интервју го прочитав ова: -Drinking is an emotional thing. It joggles you out of the standardism of everyday life, out of everything being the same. It yanks you out of your body and your mind and throws you against the wall. I have the feeling that drinking is a form of suicide where you're allowed to return to life and begin all over the next day. It's like killing yourself, and then you're reborn. I guess I've lived about ten or fifteen thousand lives now.
Со еден збор - генијалец. Имам читано пар негови поеми, интервјуа и некои извадоци на интернет, книгите ќе ги оставам за понатака, кога ќе бидам малку повозрасна. Ми се допаѓа тоа што неговите дела се болно искрени, доста саркастични, депресивен и истите се пишувани на негов уникатен начин. Имал многу тежок живот, поминал низ се` и сешто, па тоа е доволна причина за депресивноста и нихилизмот во неговите дела.
Јас пред неколку месеци ги прочитав неговите романи, најголем впечаток ми оставија "Жени" и "Блуден син" , особено вториот роман, бидејќи во него го опишува детството и всушност како станал она што е. Ми се допаѓа искреноста кон самиот себе.
Исто така останатите ми се допаднаа Фактотум, Пошта, Холивуд, Палп ми беше онака, не беше лоша но не е толку добра споредено со другите. Сакам да почнам да ги читам неговите раскази. Вас што ви се допаѓа кај него, или кое дело?
Мене не ми се дoпaѓa. Сaкaм вулгaрнo, aмa oвa негoвoвo спoред мене е прoстaчкo. Пoезијaтa му јa немaм читaнo сaмo некoлку книги oд прoзите и тукa ќе зaстaнaм, јaс и тoј зaвршивме. Сaмo не ми е јaснo oнa извaдoците oд кoи книги му ги вaделе, пoшo вo се штo јaс сум прoчитaлa немa ништo квaлитетнo.
На некој начин ја разбирам целата негова филозофија и мислам дека попримамлливо би било да го пренесе тоа на не толку вулгарен начин... сепак на прв поглед, без длабоко размислување, изгледа ниско ... Јас преферирам слобода во пишувањето без некои стручни зборови но не до тој степен... Во секој случај вреди да се прочита па можеби некој и ќе се пронајде
Поезијата му ја обожавам додека од книгите ја имам прочитано само Фактотум која не ми стави некој впечаток баш..дури и досадна ми беше на моменти. Можеби понатаму кога ќе имам повеќе слободно време ќе прочитам уште некоја негова книга.
Лани ја земав Пошта од саем и уште ги жалам 150те денари што ги потрошив. Валкани мисли на еден старец и прилично досадна смисла за хумор. Грев ми беше да ја фрлам, али па не иде на девојче да ја подарам, па ја остаив во читална у Земјоделски, се има усреќено некој. Друго ништо неам прочитано и не можам да давам некоја оцена, али ова дело е дно. Не би да пишувам подолг коментар само ќе оставам еден коментар од Goodreads: Recommended to anyone looking for a good book about fucking, drinking, gambling, shitting, puking, pissing, chasing tail and sorting mail.
Никој освен тебе Никој не може да те спаси освен самиот ти. Одново и одново ќе се наоѓаш во скоро невозможни ситуации. Тие ќе се обидат одново и одново под изговори, под маски и сила да те натераат да подлегнеш, да се откажеш, или тивко да изумреш од внатре. Никој не може да те спаси освен самиот ти, и ќе ти биде доволно лесно да не успееш толку лесно но немој, немој, немој. Само набљудувај ги. Слушај ги. Зарем сакаш да бидеш тоа? Безлично, бездушно, нечувствително суштество? Зарем сакаш да ја доживееш смртта пред смртта? Никој не може да те спаси освен самиот ти, ти си суштество вредно за спас. Тоа е војна која не е лесно да се добие но, ако нешто е вредно за победа тогаш ова е тоа. Размисли за тоа. Размисли за спасување на себе. Твоето духовно себе. Твоето храбро себе. Твоето распеано магично себе и твоето прекрасно себе. Спаси го. Не им се придржувај на мртвите во душата. Одржувај се себе со хумор и рамнотежа, и на крај ако е неопходно вложи се себеси целосно во таа борба, без разлика на изгледите, без разлика на цената. Само ти можеш да се спасиш себеси. Направи го тоа! Направи го! И токму тогаш ќе знаеш точно за што говорам. А ова од која колекција е? По библиотекиве има нешто, глеам на kupiknigi.mk нема
Лудиот и комплициран свет на Буковски од реалноста е преточен во неговите дела низ личните искуства во приватниот и општествениот живот. Се што ставил на хартја се темели на бескомпромисен и неселективен јазичен пристап кон темите. Цинизмот, реалноста, оптимизмот, сарказмот и презирот се присутни во целиот негов творечки опус во длабока и предизвикувачка содржина. Еве некои од неговите цитати: "Мислам дека ако заклучите дека се е бесмислено, тогаш не може се да биде потполно бесмислено, бидејќи веќе сте свесни за бесмисленото, а таа свест за бесмисленото, самата по себе дава некаква смисла. Знаете на што мислам? Тоа е како некаков оптимистички песимизам". „Се чини дека човек има само два избора – да живее во ужас или да биде пропалица.“ "Со луѓето е така. Колку повеќе ги истражуваш, толку повеќе се гледа колку се ненормални. Понекогаш тоа е забавно – барем на почетокот.' "Храброста е прашање на стил во една безизлезна ситуација, каква што е животот." "Чувајте се од оние кои секогаш бараат друштво, тие се никој и ништо кога се сами" Ми беа потребни децении додека конечно не научив како да кажам „НЕ“! "Многу често, единствен излез од се е спиењето." "Не сакам затвори, имаат решетки на погрешна страна." "Тие ми се смееја мене затоа што сум поразличен, а јас им се смеев на нив затоа што се сите исти!"
Она што е особено интересно кај Буковски е што неговите дела немаат ама баш никаква литературна вредност, но она што е сигурно е неговата оргиналност и препознатливост кој не те остава рамнодушен, контраверзен и брутално искрен. Секој кој би сакал да почне да ги чита неговите дела, препорачливо е да почне со Блутен син
Shto mislite za David Koperfild od Bukovski? Gi imam dvata dela doma, nekoi izdanija od sedumdesetite, ama dosta se golemi. Procitav nekoi dvaesetina strani i ima nesto sto mi go zadrzuva vnimanieto, ama ne e toa toa. Mi lichat na knigi za deca, mozhebi e i do toa.
''Zaljubices se u lice, oci, telo. Nije to toliko opasno, koliko je kad se zaljubis u osmeh, pokret, hod. Onda to postaje magija, a magija se voli.....'' (Bukowski)
Во средно го читав многу, бев во таков период. Сега не сум допрела негова книга со години, ама баш ме интересира каков впечаток ќе ми остави после толку години.