Седма година по ред иницијативата „Часот на Земјата“ инспирира милиони луѓе низ светот да ги изгаснат светлата во текот на еден час, како симболичен гест за подигнување на свеста за климатските промени. Во периодот од 20:30 до 21:30 по локално време, стотици милиони луѓе од над 150 држави од целиот свет ќе ги изгаснат светлата и сите други електрични апарати кои не се неопходни во текот на 60 минути за да ја изразат својата загриженост за иднината на планетата. Иницијативата „Часот на Земјата“ е организирана од World Wide Fund for Nature, организација чија мисија е да го сопре уништувањето на природната средина и да изгради иднина во која луѓето ќе живеат во хармонија со природата. За првпат оваа доброволна акција била спроведена во Сиднеј во 2007 година, кога 2,2 милиони луѓе и 2000 компании го изгаснаа осветлувањето. Една година подоцна, „Часот на Земјата“ стана глобална иницијатива во која се вклучија 50 милиони луѓе. Минатата година, во најголемата кампања за планетата се обединија околу 1,8 милијарди луѓе од 152 земји во светот. Годинава се очекува рекорден број на луѓе да поминат еден час во темница. „Она што започна како настан во Сиднеј во 2007 година со два милиони луѓе, сега прерасна во традиција низ земјата и низ светот“ – изјавил Дермот О’Горман, претседател на World Wide Fund for Nature. Ќе се вклучите ли и вие? Спојлер Преземено од фемина
Nema sansi. Ne zatoa sto ne ja sakam nasava planeta. Tuku toj 1 4as za zal nema da ja spasi naasva planeta.
Koga vo sredno bevme dezurni odevme niz ucilnici i go najavuvame ovoj den. Ubavi spomeni mi budi ovoj nastan. Jas bi go praktikuvala ova, ako sekoj se obiduva barem malku na nekoj nacin da pridonese za podobro utre, mozebi svetov utre poinaku ke izgleda?
Не гледам дека има ваква тема на форумов па затоа ќе започнам јас. Доколку има а не видов може да се избриши. Темава е за акцијата што се спроведува последниве години и сега на 28-ми март во 20:30 часот. Доколку има заинтересирани за дискусија на оваа тема може да пишувате овде. Според мене е многу убаво дело да се посвети ден и време за нашата планета Земја. Да го погледнеме видеото заедно за изгледот на земјата кога ќе настапи тој час.
Секако секаде каде што не сме и сите сијалици кои не морат да светат, ги гасам. Во дневна имаме три лустери со вкупно 7 сијалици, ама мноооогу ретко се сите запалени. Ептен ако чистам нешто детално, или нешто бараме низ соба. Иначе, сите сијалици ни се од штедливите. Поголем проблем се електричните апарати. Не електронските (компјутери, телевизори), електричните (фрижидер, шпорет, бојлер, разни кујнски геџети)
Шо татко ми, та и јас сум таква станата веќе. Уредите вклучени во штек иако не се вклучуваат - користат сепак трошат ел. енергија. Има и тема мислам за штедење на ел. енергија.