1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Часот на раѓање го открива вашиот карактер

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Steff.Unique, 28 февруари 2012.

  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    4.877
    Пол:
    Женски
    Паѓаат во депресија само кога ќе се разочараат од нешто.Што знам да речиме дека е точно ;) :D
     
  2. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    16-17 - Најбитно од сè и на прво место им се парите.

    Па ми се битни, ама не и најбитни. И сеа као демек значи ова дека сите што сме од 16-17 дека сме матерјалисти?! Од секогаш сум се чидела на вакви глупости, не знам како завршив овде :?:
     
  3. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    23-00 - Не сакаат компромиси. Нивно мото е: „сè или ништо“. Склони на љубомора и посесивност.
    многу точно :)
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    13-14 - Често се осврнуваат на тоа што другите го зборуваат и мислат дека сè е наменето за нив.
    nema vrska :D
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Не е точно.Напротив спротивното е ....
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lollipop123

    Lollipop123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    3
    06-07 па и не е многу точно :D :D :D
     
  7. kolache.99

    kolache.99 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2012
    Пораки:
    666
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    22-23 - Интелигентни се, успеваат да излезат на крај со сите проблеми, во предност се пред сите, но треба да бидат поскромни.
     
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
  9. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    18-19 - Само ако се поврзани со други луѓе можат многу да постигнат.
     
  10. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    10-11 - Ги сакаат луѓето и речиси секогаш се опкружени со искрени пријатели.
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Независно дали верувате или не според некои луѓе часот на раѓање игра важна улога при формирање на карактерот и личноста.

    Независно дали верувате или не, според некои луѓе часот на раѓање е од особена важност за карактерот и развојот на личноста.

    Родените помеѓу 24 и 2 часот се луѓе со немирен дух. Разумот и чувствата кај нив се во постојана борба. Тие се екстремно борбени и амбициозни луѓе. Си поставуваат некоја цел и не се откажуваат додека не ја постигнат. Имаат склоност да ризикуваат и често губат поради тоа, но без да драматизираат. Паметни се, флексибилни, остроумни и лукави понекогаш. Затоа и успеваат во животот.

    Родените во интервалот од 2 до 4 се боеми. Сакаат комфорт и луксуз. Секогаш се поставуваат на прво место себе си, сопствените желби и личната слобода. Сакаат да се забавуваат и сакаат да пробаат од сите задоволства што животот им ги нуди. Силно се приврзуваат кон луѓето што ги сакаат. Си поставуваат секогаш високи цели, но бидејќи се упорни најчесто стигнуваат онаму каде што намислиле. На овие луѓе не им поставувајте граници, зошто ќе ги изгубите брзо.

    Родените во интервалот од 4 до 6 часот се многу енергични и позитивни луѓе. Тие се искрени и отворени и се трудат секогаш да ви ја кажат вистината право во очи. Имаат многу силен карактер и сакаат по секоја цена да ги контролираат работите и луѓето околу нив. Не трпат лага и лицемерие и често се избегнувани од околината поради тоа. Во љубовта сакаат да бидат доминантни. Со нив треба да си отворен, зошто во спротивно си играш со оган.

    Родените во интервалот од 6 до 8 се многу нерешетилни . Тешко прифаќаат било какви промени, на личен и професионален план. Имаат силно развиена фантазија, па затоа креативните работи се вистинскиот избор за нив. Во личен план се многу независни и често се аутсајдери во средината, живеејќи во сопствениот измислен свет. Едноставно сами избираат да не бидат дел од матрицата и тоа ги прави уникатни.

    Родените во интервалот од 8 до 10 часот се големи авантуристи и постојано бараат нешто ново и нешто повеќе. Карактеристично за нив е тоа дека се им здосадува многу брзо. Родените во ова време имаат силно изразен независен карактер, не сакаат никој да им се меша во животот, не прифаќаат совети, дури и кога се добронамерни и од најблиските луѓе. И најчесто на крај успеваат да го постигнат тоа што го сакаат. Ја презираат лагата и не се склони да прават компромиси. Недостапни за сите оние кои не се на нивно ниво.

    Родените во интервалот од 10 до 12 часот се неверојатно амбициозни луѓе. Успехот за нив стои над се останато. Овие луѓе обично секогаш успеваат да се издигнат високо во хиерархијата, благодарение на својата упорност и супер амбициозност. Не признаваат ништо и газат по се што им пречи да ја постигнат својата цел. Во средината често се игнорирани, но тоа не ги загрижува особено, бидејќи сметаат дека се нешто повеќе од останатите. Реално, тие се многу паметни, но нивниот егоизам и претерана самодоверба пречи на останатите.

    Родените во интервалот од 12 до 14 часот се авантуристи по душа. Тие постојано се во потрага по нешто ново. Не признаваат никакви забрани и табуа во однос на сексот. Многу се чувствителни во однос на проблемите на останатите. Спремни се секогаш да помогнат, дури и на оние што не ги познаваат доволно. Овие луѓе се екстремно харизматични личности и многу лесно успеваат да бидат миленици во друштвото. Весели се и отворени.

    Родените во интервалот од 14 до 16 часот се со двојна природа, непостојани и на нив не може да се рачуна особено кога станува збор за важни решенија и зделки.

    Овие луѓе не се сигурни што сакаат и поголемиот дел од животот лутаат од една крајност во друга. По карактер воопшто не се лоши, но средината треба да се помири со нивното променливо расположение. Во љубовта се склони на длабоки и трајни чувства, но партнерот треба да биде многу трпелив и да го прифаќа секој нивни каприз.

    Родените во интервалот од 16 до 18 часот се добри по душа и отворени луѓе. Многу се приврзани кон семејството и пријателите. Овие луѓе се харизматични и се спремни да се жртвуваат за луѓето што им значат. Мразат конфликти и секогаш се склони да направат компромис за доброто на сите. Тие се вистински дипломати и од секоја ситуација успеваат да се извлечат со достоинство. Во љубовта се посветени и верни на човекот до нив, го сакаат и го ценат и секогаш тие се првите што ќе попуштат во ситуација на конфликт, со цел да има мир во куќата.

    Родените во интервалот од 18 до 20 часот се одликуваат со својата лојалност кон останатите. На овие луѓе може да се рачуна секогаш и за се. Тие се перфекционисти. Се што прават сакаат да биде совршено, се посветуваат на тоа и најчесто успеваат. Ги постигнуваат целите со упорност и континуитет. По карактер се многу добри, искрени и верни на своите пријатели. Многу добро се реализираат во професии, кои бараат точност и прецизност. Обично постигнуваат големи успеси во животот поради својата упорност и прецизност.

    Родените во интервалот од 20 до 22 часот се многу интересни и забавни личности. За нив животот представува театарска сцена, а главната улога секогаш им припаѓа на нив самите. Внатрешно се многу несигурни но вешто ги прикриваат своите слабости. Постојано играат разни улоги, па затоа постои реална опасност во еден момент да се изгубат во таа игра. Тешко поднесуваат критика, тоа ги депресира и нервира. Избегнуваат да гледаат во очи на вистината, кога не им одговара и затоа си создаваат своја вистина. Имаат многу добро развиена фантазија. Пред се се интересираат за себе си и своите потреби, а сите останати се на втор план. Токму поради тоа овие луѓе не можеш да ги видиш во улога на „лузери“.

    Родените во интервалот од 22 до 24 часот се луѓето на кои им припаѓа власта. Успеваат да контролираат се и сите што ги заобиколуваат. И покрај ваквата нивна природа, тие се силно приврзани кон домот и блиските луѓе. Имаат силно развиена интуиција и слободно можат да рачунаат на неа. Поседуваат многу добри организаторски способности и од нив излегуваат неверојатно добри лидери. Ја сакаат власта но никогаш не дозволуваат да станат нејзини жртви. Тие се многу позиитивни, ведри и отворени. Помагаат дури и на оние што не ги познаваат добро и се раздаваат максимално за оние што ги сакаат. Во љубовта се исто толку отворени и искрени како и во се останато во животот, но настојуваат да бидат доминантна фигура во врската, макар и не јавно.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ....па и не е баш точно
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Часот на раѓање и вашите карактерни особини

    Датумот на раѓање не е доволен за одредување на точниот карактер на секој претставник на хороскопските знаци. Точноста на анализата на карактерот, во голема мера зависи од часот на раѓање. Погледнете што зборува времето во кое сте дошле на овој свет за вашиот карактер.Астрологијата и улогата на часот на раѓање врз вашиот карактер
    Од 0 до 1 часот

    Вас ве карактеризира агресивност и голема издржливост. Околината ве смета за тврдоглави и изразено горделиви. Честопати ви недостасува чувство за дипломатија. Во поволни услови, ваквиот ваш карактер, може да ви овозможи да дојдете до многу креативни идеи и професионални достигнувања.

    Од 01 до 02 часот

    Моќта угледот и статусот играат најголема улога во вашиот живот. Поради таквите карактеристики, најмногу трпат вашите најблиски. Успешни сте во животот бидејќи умеете да ја користите огромната енергија која ја поседувате. За вашиот успех во животот, треба да ѝ бидете благодарни на некоја постара личност.

    Од 02 до 03 часот

    Вие со задоволство би се посветиле на повеќе задачи истовремено. Динамични сте и лесно се воодушевувате, но многу брзо губите интерес за работите коишто сте ги започнале. Понекогаш знаете да бидете многу нетолерантни, па на луѓето околу вас би им одговарало доколку имате малку повеќе трпение.

    Од 03 до 04 часот

    Вие сте суптилни и нежни, па затоа многу лесно можат да ви бидат повредени чувствата. Вам ви е многу битно да почувствувате очигледна посветеност и наклонетост од вашите најблиски. Во животот, најважни ви се домот и семејството. Сакате да сте финансиски стабилни. Може да се каже и дека многу вешто умеете да манипулирате со парите.

    Од 04 до 05 часот

    Вашите размислувања секогаш се насочени кон некоја конкретна цел. Поседувате силна концентрација и волја. Во секоја работа сакате да воспоставите авторитет. Меѓутоа, кога им давате преголемо значење на друштвените односи, паѓате во депресија.

    Од 05 до 06 часот

    Најдобро се чувствувате кога имате прилика во постоечкиот хаос да воведете ред. Вас ви се најбитни деталите, па поради тоа честопати ви е тешко да направите разлика помеѓу битните и небитните работи. Многу често ризикувате да трошите пари на ствари кои не ви се воопшто потребни. Во работата сте педантни и совршено ги извршувате своите должности.

    Од 06 до 07 часот

    Шармантни сте и секогаш сте добро облечени. Вашиот дом е уреден со стил и е место каде што честопати се собирате со вашите пријатели. Многу сте љубезни со сите луѓе. Најголемата опасност за вас лежи во фактот дека, вашата емоционална стабилност зависи од другите луѓе, а не од вас самите.

    Од 07 до 08 часот

    Работите ги кажувате онакви какви што се и немате влакна на јазикот. Го кажувате само она што го мислите, но понекогаш знаете и да молчите како зашиени. За успехот кој го постигнувате на работното место, можете да ѝ се заблагодарите на вашата богата фантазија и подготвеноста да ги подредите сите работи кон една цел, која се стремите да ја постигнете. Нечии интриги и недовербата кон другите луѓе, можат да ве извадат од такт.

    Од 08 до 09 часот

    Играта, спортот и долгите прошетки на чист воздух се многу важни за вас. Секогаш сакате да ги преминувате границите, без разлика дали станува збор за друштвени, духовни или државни граници. Многу ве привлекуваат странци. За да оформите ново пријателство, потребно ви е истото да ви понуди нешто ново кое досега не сте го доживеале. Родени сте авантуристи.

    Од 09 до 10 часот

    Вам постојано ви се потребни некакви поводи за да бидете активни. Благодарение на вашиот голем талент за организација и дисциплина, секогаш ги остварувате целите коишто ги имате зацртано. Добро се чувствувате кога им помагате на другите, пред сѐ на членовите на вашето семејство.

    Од 10 до 11 часот

    Вам сите луѓе ви се еднакви. Според вас не постојат класни разлики и му дозволувате на секој да го докаже својот личен став и развој. Имате силна интуиција која ви овозможува лесно да ги предвидите настаните, полни сте со разбирање кон другите луѓе и секогаш сте отворени за нови идеи. Со оглед на тоа што многу ги сакате луѓето, најчесто преферирате да бидете опкружени со искрени пријатели.

    Од 11 до 12 часот

    Особено сте успешни кога работата ја извршувате „зад сцената“. Така навистина можете да постигнете големи успеси. Сѐ додека можете да си обезбедите доволно мир за да си ги наполните батериите, ќе можете да остварувате извонреден успех во полето на уметноста и вам ништо нема да може да ви застане на патот.

    Од 12 до 13 часот

    Секоја работа што ќе ја започнете, ја завршувате до крај. Разумноста ви помага да не трошите премногу време на небитни работи. Материјалната сигурност во кругот на семејството, ви е најважна за да чувствувате душевен мир. Многу ретко сте самоиницијативни. Контакти воспоставувате ретко, само доколку вам луѓето ви се обратат.

    Од 13 до 14 часот

    Мислењето на другите честопати си го зимате при срце. Поради тоа понекогаш мислите дека сѐ што е речено или направено се однесува исклучиво на вас. Неретко за вистина го земате само она коешто вие го сметате за вистина. Можеби токму таа особина, честопати ве води до исклучително успеси на работно поле.

    Од 14 до 15 часот

    На својот животен партнер би му останале верни до крајот на вашиот живот. Но, доколку почувствувате дека во неговиот живот не заземате централно место, веднаш ќе побарате друг партнер. Уметноста и глумата играат голема улога во вашиот живот. За вашите деца, сте спремни да жртвувате баш сѐ.

    Од 15 до 16 часот

    Комплетен успех постигнувате во оние дејности, во кои можете да ги внесете сите ваши емоции. Вие сте срдечна личност, која блеска од самодоверба, но знаете и да бидете раздразливи доколку се почувствувате отфрлено. Длабоко воздивнете кога ќе бидете лути од некоја причина. Доколку научите како да се воздржите и опуштите, ќе избегнете чувство на агресивност и искажување тешки зборови и навреди.

    Од 16 до 17 часот

    Парите за вас имаат голема важност. Поради тоа мислите дека уште во првата половина од животот морате да стекнете некакво богатство. Во тоа добро се вклопува и вашата способност да се издигнете над секојдневните ситни проблеми и измами, како и можноста да ги согледате работите однапред.

    Од 17 до 18 часот

    Сѐ додека сте свесни за својот перфекционизам, луѓето ќе ве ценат и приватно и професионално. Вие сте многу практична личност и успешно се справувате со сите оние кои сакаат да им се спротивстават на вашите планови. Понекогаш вашата склоност за детали знае да ве занесе и да ве запре во достигнувањето на целта.

    Од 18 до 19 часот

    Вие сте човек кој само доколку е поврзан со други луѓе, може да си ги оствари своите животни цели. Во пријателствата обично ви треба малку повеќе трпение, за да можете да излезете на крај со самите себеси. Најголема опасност за вас лежи во тоа што партнерот од вас може да побара нешто коешто вие на подолг рок не можете да го исполните.

    Од 19 до 20 часот

    Вашата склоност за ризикување секогаш ве пробива во сите друштва. Поради вашите пренагласени сексуални побарувања, можете несвесно да западнете во опасност од губење на трајните вредности во вашата врска, како што се верноста, меѓусебната грижа и духовноста. Во основа, сѐ што работите треба да биде со мера.

    Од 20 до 21 часот

    Возбудата предизвикана од нешто ново или непознато, секогаш ве охрабрува за врвни достигнувања. Животен еликсир ви се далечните патувања и егзотичните земји. Верноста не се вбројува во вашите карактеристики, а благодарение на вашиот оптимизам, после голем пад знаете брзо да застанете на нозе.

    Од 21 до 22 часот

    Од страв да не ве повредат, останатите луѓе околу вас мислат дека сте бавни и затворени. Но кога ќе ве запознаат подобро, гледаат дека ширите многу топлина и позитивна енергија. Посветувате големо внимание на луѓето покажувајќи видливи докази на љубов и многу сте изненадени доколку работите не се онакви какви што ги замислувате.

    Од 22 до 23 часот

    Вие сте исклучително интелигентни и често размислувате сосема поинаку од останатите. Токму поради оваа причина, често знаете да се справите дури и со најтешките проблеми. Секогаш сте во предност пред другите, но не треба да бидете арогантни поради тоа. Скромноста е карактеристика која ве краси.

    Од 23 до 24 часот

    Вие зрачите со силна внатрешна светлина. Никогаш не сакате да ги комплицирате работите, а склони сте за претчувствување на работите. Ваше животно мото е „сѐ или ништо“, а во љубовта сте посесивни и љубоморни.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Точно ми е :lol:
     
  15. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Точно ми е се... :)
     
  16. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    Родените во интервалот од 2 до 4 се боеми. Сакаат комфорт и луксуз. Секогаш се поставуваат на прво место себе си, сопствените желби и личната слобода. Сакаат да се забавуваат и сакаат да пробаат од сите задоволства што животот им ги нуди. Силно се приврзуваат кон луѓето што ги сакаат. Си поставуваат секогаш високи цели, но бидејќи се упорни најчесто стигнуваат онаму каде што намислиле. На овие луѓе не им поставувајте граници, зошто ќе ги изгубите брзо.


    Аман бе. Личен опис!
     
  17. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Тоа дека убаво се чувствувам кога помагам на некој да, ама другово.. Абе една организираност и дисциплинираност шта да ти причам.. :D
     
  18. Cinderella11

    Cinderella11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    51
    Родените во интервалот од 18 до 20 часот се одликуваат со својата лојалност кон останатите. На овие луѓе може да се рачуна секогаш и за се. Тие се перфекционисти. Се што прават сакаат да биде совршено, се посветуваат на тоа и најчесто успеваат. Ги постигнуваат целите со упорност и континуитет. По карактер се многу добри, искрени и верни на своите пријатели. Многу добро се реализираат во професии, кои бараат точност и прецизност. Обично постигнуваат големи успеси во животот поради својата упорност и прецизност.

    Точно е :rofl:
     
  19. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    19-20 - Имаат големи сексуални потреби, често менуваат партнери, не знаат за верност.
    Не е точно :D
     
  20. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Во сите примери ми е погодено 8)