1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чаши

Дискусија во 'Дом' започната од Ariel, 28 септември 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.187
    Чашите за мене се многу важен дел во секојдневието.
    Сакам да пијам во убави чаши, со облик соодветен на пијалокот.
    Сакам чаши со тенко стакло, иако за секојдневна употреба не се многу практични бидејќи многу лесно се кршат. Не ми жал кога ќе ми се скрши некоја, затоа што едвај чекам да купам нови :)

    Важно ли ви е од какви чаши пиете? Правите ли разлика помеѓу чаши за секојдневна употреба, и за посебни пригоди (за гости :D )?

    Моментално ми фалат чаши за пиво, па сакав да прашам дали некој знае каде има убави и не многу скапи кригли или други типови чаши за пиво.
     
  2. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Чашите ни заземаат најголем дел од кујната.
    Имаме чаши па скоро за се'.
    За вино, за узо, кригли за пиво, за ракија (и останати жестоки пијалоци), за сок/кисела вода исклучиво за гости, и секако за секојдневна употреба.
    Сите од стакло. Не сакам да пијам од пластика, без некоја посебна причина, ете така сум се навикнала.
    Скоро купував комплет од 6 чаши за секојдневна употреба, бидејќи од комплетот од 12 чаши што го земавме минатата година останаа само 4. Повеќето син ми ги искрши, а знам и јас некоја да чукнам при миењето, па да заврши во кантата за ѓубре.
     
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Јас како да имам фетиш за чаши. :lol:
    Имам чаши скоро за секој пијалок: за бело вино, црно вино, коњак, виски, узо, за ракија две врсти и плус чоканчиња,три вида кригли за пиво, чаши за нескафе...Кристал и такви работи немам, меѓутоа имам едни „претставителни“, тие ми се за гости, со позлата горе.
    Другар му на сопругот мој, имаше дисконт за пијалоци и постојано ни даваше чаши, што му ги даваат како презентација од Prigat, Coca-cola, Fanta и сл.и тие ги користиме за секојдневна домашна употреба.
    А лично мене, најслатко ми е да пијам било што во метално лонче, па дури и водата ми има посебен вкус кога пијам од него.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Чашите се убави и неубави, ако ги подзагледа човек подобро :D од естетски аспект ми се допаѓаат чашите за црвено и бело вино, пиво, ракија итн., значи за се си има посебна чаша, различна во дизајнот, иако навидум сите делуваат исто, е сега само што се многу кревки, па лесно можат да се скршат.Далеку од тоа дека пијам, но ете така знам, чисто информативно :) Некогаш и се загледувам во самата изработка на чашата, па има некои направени пример за кафе, а изгледаат како за пиво направени, е сега зависи која била првобитната намена за изработка на чашата, значи ова како пример го кажувам :geek: :!:
    Фала богу, до сега немам скршено некоја чаша од тие поубавите како претходниве што ги напоменав, додека друга ми летна од раце, се скрши, незнам како ама отиде :D пустата јас се исплашив од звукот :rofl: па тогаш ми текна што бидна :D имам и чаши кои се доста гломазни, мислам комотно човек може да утепа со нив некого :rofl: едноставно груби.Сега нормално, што поклон или купени, како и да е но ете има и такви.Не секогаш ми е важно од каква чаша пијам, ама ако ја подзагледам подобро веројатно ќе и најдам мана :D :wasntme:
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ох со каква страст ги бирам чашите кога ги купувам уф.. Со таква страст не го бирав мажот :D

    Патем, имаме посебни чаши за ракија, пиво, вино, шток/коњак, мартини, сок.
    И секако имам посебни што ги користиме јас и мм, а посебен сервис за гости. Не дека е нешто којзнае што, но сепак оние што ми се за секојдневна употреба се подебели, а оние за гости потенки.
    Исто така и сум колекционер на чаши :) обавезно морам да имам од Пепси, Пелистерка, Кокта :D

    Геа, ист фетиш ^_^ :rofl:
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Мајка ми е манијак, ако и подадеш вода во некоја чаша со дебело стакло, некоја неугледна или недај боже пластична чашка, ќе ја одбие.
    А притоа имам среќа што не ми ја истура во фаца, судејќи по изразот на нејзиното лице. :D

    Чашите за гости се истите оние за секојдневна употреба, затоа најчесто се кршат и постојано имаме по 2 кутии од ист тип, зашто 6 чашки побогу е резил, мора да има 12 од еден вид. |( Тие се високи, лични и секогаш со тенко стакло. :!:
    Високи, средни, ниски, ниско-широки, со позлата, ракиџиски вакви, онакви, за црвено и бело вино.
    За пиво немаме специјални чаши, бидејќи не го пиеме по дома, а ако ние не го пиеме автоматски и гостите не ни сакаат, нели? :wasntme:
    Чиста женска логика. ;)

    За мене чашка си е чашка, додека е чиста, ок е.

    Пред некоја недела бевме во станот на баба ми со друштвото, а она е ретро, има од оние кристални тешки чашки од Румунија :lol: , и братучед ми вика - оооо, ќе пиеме во сервис како од Имотот на дамата?
    :D

    Јас единствено внимавам на сервисите за кафе, сакам шолјата да не ми бега, т.е. да не се лизга од тацната и да има фина глазура, т.е. да не чкрипи.
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    И кај мајка ми, а и сега со Петко имаме цела куќа чаши и филџани за кафе, како и големи шољи за чај.

    Мајка ми има неколку сервиси од нејзината свадба, а нејзината свадба била пред 30 години, па сега вие видете како сум бришела прашина кога цел регал беше нареден со нив :whew: .
    И тие ги употребуваше само во посебни прилики т.е. се уште ги употребува.
    А за секојдневна употреба има еден сервис обични чаши и + уште 10-тина што од Кока-кола, Фанта, Пелистерка и сл. , за пиво не снабдува снаа ми од кафаната каде работи па така имаме „оргинал“ Скопско чаши и кригли за пиво. За ракија имаме обични чаши и плус еден сервис за пожестоки пијалоци.

    Кај Петко сега, мајка му не е како мајка ми да чува толку стари чаши, туку обавезно бидејки често некој ќе скрши некоја чашка мора редовно барем на неколку месеци да купуваме нови сервиси.
    И општо сите дома сакаме да имаме убави чашки не само за пред гости туку и за интерна употреба, за нас.
    Тоа се отприлика 15 чаши и +2/3 сервиси складирани горе во висачите кои се симнуваат за прослави и посебни прилики.
    Тука се и чашите за црно и бело вино, сервис за жестоки пијалоци и + чаши за чај, филџани за турско а од пред некое време и филџани за макијато и мали за еспресо+6 чаши за нес :x .
    Верувам дека отприка имате представа што се случува во висачите од толку чаши па смрт ми е кога откако ќе ги измиеме кога треба да ги наредам, секоја чаша оди на посебно место, кај другите од нејзиниот род а ги има многу и е тотален хаос.

    Во главно сакам убави чаши, мене и водата ми има сосема поинаков вкус кога ја пијам во пластична чаша па од таа причина пластични користам само за на пикник.
    А за фетишот за чаши да не правиме муабет, секое трето влегување во Џамбо излегувам со нов сервис чаши, некои за едната дома, други за другата :lol: .
     
  8. Miss-dior

    Miss-dior Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    126
    Многу му е убав филингот кога пијам алкохол,сок,вода во чаша што е соодветна за тоа,ми се дешава сама да одам да купам чаши без мајка ми да ми рече :lol: пошто фетиш ми се уште од помала ко си бев :lol:
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.187
    :D Се најдов во реченицава.
    Јас немам чаши за пиво зошто до скоро не пиевме пиво. Многу реткои купувавме, зошто кога ќе купевме, ако не го испиеше некој што ни дошол на гости - се расипуваше и се фрлаше.
    Не знам зошто и како, ама летово почнав да пијам пиво, ама ептен „се пропив“ :D и сега не можам да престанам. Па го навлеков и муж ми - и сега не поминува вечер без да пиеме пиво дома.
    А чаши - немам!
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    [​IMG]

    :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mila.s

    mila.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    36
    Јас обожавам чаши за мартини... Ептен ми се убави.... [​IMG]
    [​IMG]
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Би ти препорачала да побараш од Бохемија. Нешто вакво http://www.google.com/imgres?q=bohemia+ ... hAQ&zoom=1
    http://www.google.com/imgres?q=bohemia+ ... hAQ&zoom=1
    http://www.google.com/imgres?q=bohemia+ ... hAQ&zoom=1
    Јас сум ептен заљубена во Бохемија, тенко е стаклото и ми е посебно задоволство.
    Имам цела колекција од нив и сум презадоволна. Не се многу скапи а ги има насекаде па дури и во Вицко, Тинекс....само побарај Бохемија и нема да погрешиш
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Имаме чаши за секакви пијалоци, за ракија, вино, пиво, сок.
    Имаме и за сладолед нешто се измеѓу чаша вака нешто
    [​IMG]
    Имаме повеќе сервиси за кафе, едни за секојдневна употреба, други за гости(помодерни и со тацна дека моиве без тацна пијат) уствари со поблиски гости тие што идат редовно без тацна, за другите тацни.
    Обавезно имаме и ние од кока-кола, пепси, пригат и такви сокови колекција од чаши мајка ми исто како Блонд е колекционер на такви.
    Имаме и едни пошироки за пиво, горе широчки и најдолу имаат тенко како постоље. Наредени ни се во едно специјално за чаши кај што чуваме тањири за специјални пригоди, а башка се чуваат во кујна за секојдневна употреба и други, па замислете колку чаши имаме.
    Исто ми се свиѓаат едни имам многу малечки за узо, со тенки дршкички и тенко стакленце.
    Имаме и многу малецки за кафе, абе две голтки збира, вода од нив да се напиеш асално треба 10 пати да полниш па да се напиеш ко човек, значи не се приклани за вода, само за кафе.
    [​IMG]
    Еве имаме и ваква [​IMG]
    За пиво тие што бараа
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Пффф, чаши :D На мајка ми брзо и здосадуваат па обавезно „ненамерно“ :wasntme: една по една ги поткршува :D Освен оние за црвено и бело вино, и оние од нејзината свадба за коњак, и едни плави(абер незнам зошто се, за узо ги користиме) се друго е потрошен материјал, и се обновува пет пати годишно барем. Посебно за слави и имендени, мора да се купи 12ка сервис, и различен од претходниот :D За пиво татко ми си купува, тенки, високи, а тој сеуште си пие во две (толку останаа) оригинал 15 сантими високи претенки швајцарски чаши од некое си нивно пиво. Носи и брат ми понекоја Туборг чаша, ама од нив ми нема ништо посмотано за миење |( :D Јас не ги сакам испишаните, Пепси, Кока Кола и слични :!: Сите такви одат кај баба и во помошната кујна.
    Иначе без татко ми чаши не се купуваат, стаклото го мери едно шеснаесет пати, ако е сивкасто или зеленкасто, значи е рециклирано и не чини, и не го купува. :D Исто не користиме и дебели чаши, од пред едно десет години, кога беа во мода, чаша тегла, а внатре сок две голтки :rofl:
    Да, за ракија мора да има барем 30 дома, пошто нели, на слава сите чукнуваат по една лута :D
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Мене, а и на моите дома не ни е пресудно во каква чаша ќе се напиеме вода или сок, ама за гости, па макар и ептен блиски да се, си имаме културни чаши.
    Имаме неколку сервиси за сок и кисела вода, па за жестоки пијалоци, за пиво и за вино.
    Е сега, си имаме сервиси за кафе бројот не им се знае. Па чаши за млеко и јоругт т.е. шолји...
    И да, си имаме еден куп чаши од кока кола, пепси, скопско... :)
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Да дадада бажно е и тава многу во какви чаши пијам......не па што се гостите повеке до мене..во вицко на анс сите чаши ни се од таму......
     
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Да не сте заприметиле некаде да се продаваат зелени шолји за кафе? Немора да се целосно зелени ама така да си имаат помалку.
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    ИмаВ чаши скоро за сите пијалаци, ама почна една по една да ми снемува, се додека дечко ми не си призна дека си подкршувал по некоја. Сега тие убавите Бохемија му се надвор од дофат, како од дете мало му ги кријам, а му ги оставив пообичните за секојдневна употреба.
    Имам скоро за секој пијалак и цепидлака сум. Од пластични и пукнати не пијам, сакам само стаклени и тоа без засушени капки на нив и по можност без замрсени отисоци од фаќање. Ги обожавам чашите што ги даваат на промоции од Кока-кола со апликации, од пиво или од минерална вода. Само не ги сакам оние во боја што се зелени, портокалови од кај пластичарите.
     
  19. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Мајка ми и нејзините чаши :D од секој вид на чаша,за секој посебен пијалок си има дома и се и стојат по пакети од што веќе нема место за чаши :D инаку има и од скопско сервис и од хајникен и од сите тие пивата |( има едни ни донесоа кристални,тешки па уште пијалок да ставиш чашата не се држи..и тоа чаша ли е? :?: за мене се е исто,само несакам некои чаши со сите бои на неа,другото ми е океј :)
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.520
    Пол:
    Женски
    Имаме 3 комплети обични чаши, еден комплет чашки за ракија, еден сервис за кафе, шолји за кафе Елит и Браво. Доста ми се тие што ги имам. Доволно простор ми зафаќаат.