Во однос на чашите, не пребирам многу многу. Пијам во што ќе ми се најде при рака. Исклучок правам за две работи: - Вода пијам во едни малечки чашки од подебело стакло на кои не остануваат траги од лабело (зашто нон-стоп сум намачкана, а на секои пет минути сум на чешма). - И си имам омилена шолја во која си го пијам утринското кафе. И моја си е. И никој не пие од неа Фанатик сум за шолји и често добивам желба да купувам нови (желба која резултира со празен новчаник ).
Првото нешто што му го купив на малиот за кај него беа два филџана за кафе за него и за мене. Ептен сакам убави чаши, за соодветна употреба. Дома имаме разни видови, за разни пијалоци, а и едни за секојдневна употреба, кои за кратко време се прават сол. Исто е и кај малиот, тој пак има од сите фирми рекламни материјали, кои ги користи за секојдневна употреба , а кај него единствен виновник за чаша минус - сум јас
Девојки да прашам: Може ли некаде да се најдат чашки за мартини ама пластични?? вакви некако имате ли видено некаде??
Луда сум по чаши. Вода у сенешто можам д апијам, ама алкохол - мора да се внимава на чашата. Сок не пијам така што не знам ни во какви чаши се става. Имам чаши за црвено вино, чаши за пиво, од Германија сум носела посебни за светло пиво по 2 авиона во раце, едни супер високи и тенки, ракиени чаши, чоканчиња за ракија, секакви шолји за кафе, ама...не можам никаде да најдам чаши за бело вино. Го пијам во чаши за црвено, од пуста мака што никаде у Скопјево нема чаши за бело вино!! Значи не сакам чаши за шампањ- сакам за бело вино. Високи, со широко дно и тесно грло. Вакви имаа Траминец чаши во рестораните, а не се продаваат никаде. Значи формата не им е топка, туку доле се шитоки а горе тесни. Можам да платам од 1000 денари за две чаши. Мислам дека е ок цената, оти двете за црвено вино беа 850. Иначе кај дечко ми он ги искрши сите чаши па купувавме обични за вода, и за тие некако не бев заинтересирана какви ке бидат.
Уште од ептен мала лудувам по секаков тип на чаши, купувам и без да има потреба за тоа и никако никој не смее да ги бира освен мене. Моите си пијат вода и сок секојдневно во каква им текне, поготово во некои со аблеми, од Кока Кола или Rauch, а јас секогаш сакав да си пиеме и ние во убавите, ама не за џабе рекле во старо село не носи нов обичај. Инаку немам некои посебно убави или интересни чаши, како мала повеќе се бавев со тоа, сега сум позафатена а мајка ми си е лаик за такви работи и не се замара. Немаме дури ни широки за вино, само тесни за бело. Ама се тоа ќе се смени кога ќе се омажам, ќе си набавам сетови уххх каквиии, ќе нема кој да ми се меша.
во маркетите на му маrкеt имам вдувано вакви чаши ама пред можебигодина дена,купуваше мајка ми за поклон и не беа скапи воопшто,ама сепак беше пред година дена провери може ќе најдеш и сега
Кај можам да најдам пластична чаша за нескафе?Нешто слично на ова или ова .. Гледав во веро и Џамбо ама се нешто за шејкер пишува.Сакам за на факс интересна некоја за нескафе што се затвара :/
имаше пред некое време такви со нескафе одеа побарај по маркетите може ќе најдеш уште, мада одамна беше тоа
Да додадам. Ме фати некое лудило за чаши. Имам и - чаши за црвено и бело вино, чашки за жестоки пијалоци, кригли за пиво (и од оние високите тенки), за нескафе. А филџани за кафе имам во разни дезени, а и стаклени. Планирам уште да купувам, ама имам закана дека ќе бидам иселена од дома.
Lusso Home Boutique во вистинското срце на градот! Синоминот за модерен и стилски уреден дом од 02.11 повторно достапен за сите. Ве покануваме на одличен шопинг со промотивни понуди до -50% на одредени производи и подароци за сите потрошувачи кои ќе траат до 05.11