Јас денес го сварив (имам во двор рузмарин) и да ви кажам црева ќе исповратев Многу ми горчи на јазикот а вкусот ај некако ќе го поднесам. Сакам да сум упорна ама не знам колку ќе издржам
Леле аман бре зарем толку е гаден овој чај, погаден и од чајот од магдонос?! А јас па мислев дека погаден од магдоносов нема?!!!!!!!!
Тоа се вика ТРПИ БАБО ЗА УБАВИНА! Јас сега моментално го пијам чајот од магдонос се утепав идејќи во веце. А па да ви кажувам кога го пиев КИРОКОЛИНАТА по цели ноќи преседував тогаш во веце.
Јас денес бев во аптека и тие ми рекоа дека не е препорачливо да се пие пошо незнам таму нешо предизвикувало не ја разбрав добро. Ама било штетно нешо па незнам најверојатно ке пробам со оној од виталија пошо знам од таму се е здраво
Дај сега не ме зафркавајте Еве денеска ми е втор ден и пред 30 минутки пијав чај и успеав жива да останам Ај потпрашај ја таа аптекарката нека ти објасни убаво зошто не треба да се пие и кажи ни Вака во мисла не остави
леле јас се збунив па ист ник имате мајка ми го пие ништо не и е така да не знам ехе таа по 3 чаши пие некад и 4 го отрпна веќе рузнаринов
Абе немој да ме мешаш Гледаш кај мене е без цртичка на средина и плус сино цвеќенце си имам хехехе Мислам дека нема гајле од чај и плус сега кога почнав да се навикнувам на вкусот ноу веј да се откажам
а кажи ми само колку пари е во аптека? и како филтер кесички ли е? зашто нашиов е свеж, од двор, ама мислам дека нема врска тоа