1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Чај

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Go-Girl, 7 март 2010.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Концентриран чај од брусница за добро и топло зимско утро. :$
     
  2. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Си пијам чајче, најчесто си варам природни чаеви, од нане, коприва, пчелинок, камилица.. бидејќи дома имам изобилство од вакви чаеви, а од овошните најмногу го сакам јагода со ванила

    Инаку, ајдучката трева обично ја препорачуваат за подобрување на апетитот
    Белиот слез се користи против кашлицач
    Нането се препорачува при стомачни тегоби
    Жалфијата се користи против воспаление на грлото и непцата
    Копривата е добра за циркулација на крвта и поволно делува кај болни од анемија
    Дивата ружа (шипка) содржи многу витамин Ц.
     
  3. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Обожавам чаеви, и топол и ладен чај пијам. Во зима обавезно скоро секоја вечер си варам чајче :)
    А на лето си купувам ладен чај. Омилени вкусови ми се јагода и ванила, јаболко и цимет, нане, камилица, праска, нар, и др... А ладен чај од праска обожавам, и еден мислам дека беше комбинација на нар и зелен чај не сум сигурна. А да и шумско овошје мммм :D
     
  4. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    182
    Пол:
    Женски
    Во последно време чајот ми е секојдневие.
    Конзумирам зелен чај на работа, а дома чај од подрачните билни тревки, кои сами ги береме за домашни потреби. Таванот ни е исполнет од разно разни тревки, оставени да се сушат на весници, најлони, ги има 10 - ина вида ( ајдучка бела, црвена трева, мирудија (нане), маточина, коприва, кантарион, липа, мента и др.) кои меѓусебно се мешаат, но не повеќе од 3 во едно лонче.
    Најподнослив ми е чајот од нане со благопријатен мирис и лесен вкус, останатите без засладувачи, неубави за пиење.
    Поради проблемот со алергија, ми се наметна секојдневна употреба на апчиња и распрскувачи за нос, кои првенствено ги поднесував, но од неодамна, се појави проблем со истенчување и пукање на носните капилари, чија вина ја препишав на лековите, па во обид да ги откажам, се свртев кон друга алтернатива, поприродна и помалку штетна. Пребарував информации на интернет, книшки и сл. и случајно открив еден едноставен лек од чај од коприва, со чија помош целосно би се искоренила алергијата.
    Чајот може да го пијат деца и возрасно со различно дозирање.
    За деца 2 големи супени лажици, за возрасни 4 лажици иситнета исушена коприва, се ставаат во литар вода, после варењето копривата се остава да отстои 10 – 15 минути во вода, се прецадува и се пие. За да има ефикасност, треба да се конзумира 40 дена без правење пауза. Поради количината, чајот може да се се пие во било кое време во текот на денот како замена за вода (иако водата е незаменлива, во овој период се прави отстапка) се до вечерта, да се задоволи нормата од литар дневно. Се пие незасладен или со мед.
    Нема гаранција за ефикасноста, индивудално различно за секого, нус појави не би требало да има, сепак чај е, дар на природата, како што е бананата во храната, така и копривата е добра за лица склони кон алергии. Од неделаваќе ја пробам терапијата со чај, а ако не, кревам раце, продолжувам со старата добра хемија.
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам чаеви и тоа и на лето,не само во зимскиот период.
    Најомилени ми се чајот од мајчина душичка,чајот од нане и планинскиот чај-ми имаат прекрасен мирис,а јас сакам кога сетилото за мирис и вкус ми се во хармонија.
    Ги пијам и оние „комерцијални„чаеви јаболко+цимет,јагода+ванила,шумски плодови - меѓутоа повеќе поради аромата,а процентуално застапеноста на наведените состојки е толку минимална,што не вреди така да се нарекуваат(составот им е во огромен процент шипка на сите).
    Зелениот не успевам,ама никако,да го конзумирам,не знам со колку шеќер додавање,со млеко додавање,пак ми е ист-грозен,а знам дека е многу здрав,ама џабе,иста и бетер ситуација со увиниот еднаш имав инфекција на бубрези,па ми препишаа да го пијам,автоматски кога ќе го ставев в уста нагон за повраќање добивав-страшно.
    Сакам да пробам чај на оној типичен јапонски начин приготвуван,како што сум видела на филмови.
     
  6. tweetygirl

    tweetygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    10
    Да пијам чај и :) сакам од овошје :)
     
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Oткако неделава си го купив оној бокалот за вода,експериментирам со секакви тевки и правам најубави чајчиња :D мешам нане,планински,ментол ,мајчина душичка и се изненадив какво чајче испадна и плус мед во него...мммм :)
    Инаку од готовите-шумско,јагода-ванила и праска ;)
     
  8. Stam

    Stam Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    175
    Може некој да ми каже за што е добар чајот од хибискус? Дали е добар за бубрези, а ако не кој би ми го препорачале, зошто си имам проблеми од време на време знаат да ме заболат бубрезите:(
     
  9. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Пробај со чај од брусница и/или со увин чај. Мене увиниот ми помага за прочистување на мочните патишта, а од брусница помага за намалување на отоци преку зголемено лачење вода.
     
    На Stam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Чаеви многу ретко пијам, а кога пијам најчесто пијам од нане, а сега моментално пијам од мајчина душица. И секогаш во чајот ставам многуу шеќер
     
  11. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Чај и не пијам многу. Само ако сум болна.

    Најмногу сакам чај од хибискус и од овошје.
     
  12. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Не сум некој љубител на чаеви, но од медицински причини, почнав да пијам чај од црвен кантарион. Го пијам повеќе од два месеци и веќе се навикнав на горчливиот вкус. :)
     
  13. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    во зима обожавам да пијам чај , пијам секаков , но најомилени ми се од боровница и од хибискус :P
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Се препивам чај :) Камилица, планински, нане, и во последно време зелен чај со исцедено лимонче :inlove:
     
  15. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    мммм...топло чајче во овие студени денови... :inlove: Најмногу го сакам чајот од нане (помага и за болки во стомакот), камилица, мајчина душичка, хибискус и овошен. Не можам да го пијам чајот од коприва и кантарион (иако сум слушнала дека е многу здрав и корисен) бидејќи горчи :puke: Па на здравје лејдиз...чинк, чинк :*
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    не пијам многу чај, ама кога пијам пијам само нане со мед, е така го обожавам :)
     
  17. chiccookie

    chiccookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    мммм ОБОЖАВАМ. :inlove: Посебно во последно време доста ги земам оние овошните на Good Nature (посебно од јаболко со цимет.. ммм)..
    Инаку сакам да прашам ваше мислење за зелениот чај.. Дали користите?Колку често? Дали има некои ефекти зошто сите велат демек помагал при слабеење... Јас пијам нон стоп ,секој ден ,веке 3-4 месеци и не забележувам некаква промена..
    by the way се извинувам ако има некоја слична тема за ова, бидејки сум нова и немам видено. :worried:
     
  18. chiccookie

    chiccookie Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    го има по сите маркети незнам зошто не си можела да најдеш :) На Good Nature е, и ти го препорачувам ;)
     
  19. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Чај од нане ми е закон! :rock:
     
  20. Plavokosa

    Plavokosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    20
    секое утро пијам зелен чај со лимон. не излегувам од дома ако не се напијам од овој чај. и после ручек пијам обавезно еден цај. значи две чаши дневно обавезно