Не пијам чај и секогаш се карам со татко ми за чајот. Некогаш почнувам да пијам, но до пола и готово стомак ме боли и неможам да го допијам. Кога веќе би пиела, ќе пијам од некои трефки кои јас ќе ги скинам, а не од филтерите кои и даваат само малку мирис и боја на безбојната вода. И трефките не би дале којзнае колкава миризба и боја, но сепак поубаво е кога е домашно, зар не? Па така да чајот за мене си е напарфемирана вода.
Пробај да пиеш овошни чаеви, вкусни се, а и не би требало да те боли стомак од нив. А тие од тревките ни јас не ги сакам грди се ептен. Ама чисто онака, чајот е поздрав напиток од кафето, па ако некогаш треаб да пиеш избери овошен, стави му лажичка мед и истискај лимонче. Сега бар има секакви ароми и вкусови... За мерак
Скоро секој ден зимно време најмногу го сакам планинскиот чај и од шипки со 3-4 лажици шеќер обавезно
Ретко пијам чај иако дома имам постојано сварен планински чај, ама ете не ми текнува да се напијам а инаку најубав ми е од брусница, многу е здрав, лечи цистит па го препорачувам на сите кои често ги настинуваат јајниците. Инаку никогаш не пијам чај со шеќер ниту пак со мед, алергична сум на мед а го обожавам
чај пијам доста често најмногу од брусница или брусница и калинка зашто ми го препорачаја на гинеколог а поретко пијам и од нане.
моментално пијам чај од магдонос. Малку е бљак но помагал за разградување на целулит и за диета е добар. Па за убавина се се трпи
Моментално пијам зелен чај за слабеење,а инаку најомилен ми е чајот од шумско овошје и јагода и ванила кој исто така често го пијам
Многу пијам, дури и во потоплите денови јас пијам топол, а не ладен чај. Сакам од хибискус, мајчина душица, ги преферирам овие црвенкастиве. Потоа камилица, нане, детскиот чај од Алкалоид порано многу го пиев, и планински чај, само не го сакам од филтер кесичка, туку со тревки кога ми го прави мама.
чај од липа обожавам преубаво мириса а од овие купечките омилен ми е јаболко и цимет....и никогаш не пијам чај со шеќер, не ми е убав, само со мед...
Јас го обожавам вкусот и мирисот на чајот од јаболко и цимет. Доволно ми е да го помирисам некое време, затоа што некако тој мирис ме потсетува на нешто убаво и вкусно, а за вкусот да не зборам . Иначе некогаш знам да го пијам со шекер, а понекогааш наутро го пијам со една лажичка мед. Вкусно.