Чај од липа, но набрана од чисто место. Во чајчето ставам малку ѓумбир и мед. Само за зимска идила, а за лето се обидувам да си направам сама леден чај, со многу помалу шеќер од овој купечкиов.
Обожавам чаеви. Најмногу пијам планински чај, зелен, хибискус и во последно време од брусница (од здравствнени причини, иако е убав). Во зима ставам мед и лимон, сега само со шеќер.
Зелениот го пиев редовно ,ама пред еден месец го прекинав ,од немукает Од денеска пак почнав ,многу ми е убаво од него и многу енергија ми дава ,а ја забрзува репаративната способност на мускулите за 20-тина пати(што е докажано ). Највкусен ,но и со најмалку корисни состојки секако е овошниот (шумско овошје - милина! ) ,потоа комбинација од нане со хибискус ,може и секој посебно ,брусницата е доста добра ,ми се допаѓа и камилица и увин чај. Совет - чајот да не се пие жежок ,туку средно топол ,накај млак. Лимон се става исто во млак чај ,никако во жежок ,поради тоа што витаминот Ц е најосетлив на температура и веќе на 40 степени ги губи својствата.
Најчесто пијам чај во зима...пијам секаков вид на чај особено од нане, од коприва, планински, од шумско овошје и др.
Пијам колку што може почесто.Омилен ми е од мајчина душица и од хибискус Чај од камалица- помага при инфекции во устата Чај од нане- смирува болка Планински чај- за опоравување од настинка
Мразев чај како мала. Често бев болна и на сила морав да го пијам. Но последниве неколку години се почесто и почесто пијам. Обожавам кога ќе дојде есен, па зима.. во топло, пред компјутер со чајчето во рака. Ахх А да, ќе заборавев. Најомилен ми е тој од праска
Пијам исклучиво турски/руски чај.Кога сум во можност пијам по 2, и тоа мора да бидат исклучиво јаки, со лимон и само малку шекер. Од немарност немам прибор за правење на таков чај а баш би било фино.
Јас обожавам чај од нане ,брусница и планински иначе би ве замолила ако некој може да ми одговори Зелениот чај дали би бил штетен доколку би го пиела јас што имам 15 години ?
Мојот омилен!!!!! Голем љубител сум на чаеви...мммммммм ги сакам ситее, ама овој највеке!!! ги пијам без шеќер =]]
Сакам чај,многу!Ама во зима. Сега на овие жештини бре луѓе,уште чај ми фали. А инаку во зима - идила : Пикната во џемпер и пак ми студи ,ама тука е чајчето и ме стоплува.Седната до прозор,со чај во рака,надвор врне снег а јас на топло си читам книга ... И да не забегувам од темата,омилено чајче ми е нане - му го обожавам мирисот.Потоа брусница,не само што е убав туку и здрав,јаболко и цимет + мед = сон и на крајот .. на сечие изнененадување а богами и мое - ЗЕЛЕН ЧАЈ! Прво не го поднесував,сега ми стана убав. Тоа е,женско.Не знае што сака
Чајче само во зима. И тоа скоро секое сабајле. Обожавам чај. Посебно од шумско овошје, јаболко и цимет.
Пијам, и тоа многу. Најмногу си ги сакам овошните - брусница, боровинка, шумски плодови, портокал, јаболко и цимет. Зелениот го пијам исто така, убав ми е. Едино не го пијам тој од нане, го пијам само кога сум болна или ме боли стомак, па затоа додека сум вака здрава не можам да го поднесам, одма ми почнуваат турбуленции. Го пијам без шеќер, незнам ни јас како, ама уште од мала не сум поднесувала шеќер во чај. Ако не ми е доволно благ му ставам мед. А нема ништо поубаво во зима - да си свариш природно планинско чајче, и со малце рум, мммм едноставно неодоливо.