Пијам скоро секој ден,бел.црн,зелен-најчесто овие иначе пијам и овошни,и нане,камилица,липа...... Најчесто пијам бел чај промешан со малце, малце млекце како Англичаните а и убав е за кожата.
Чаеви ич несакам !!Само кога сум болна ги пијам и тоа со сила. А леден чај пијам, летово којзнае колку литри испив
Ау не во животот немам испиено 1 чаша чај.Имам само неколку пати локнето Како мала кога бев болна моите ме тераа на сла да пијам а јас се давев А сега сум голема па и да ме тераа нема да пијам
Чај не пијам многу често.Најчесто зимно време може да ми се случи да пијам чај,овошен со мед,ама и тоа ретко.
Во последно време многу ми се допаѓа тој од брусница. Само додавам малку повеќе шеќер, само така можам да го пијам.
маразамм чај ама бидеќи сум болна и морам да пијам иначе пијам од брусница тој ми е најубав и најмногуу двапати во денот
У суштина, многу грдо ми е чај, не паѓам у несвест додека го пијам.. т.е. не уживам којзнае колку, онака пијам ради настинка и сл. Единствено чај од боровинка или цреша ми е вкусно.. Ама и тоа ретко..
Пијам само од портокал и цимет или некој овошен со појак сладок вкус, и поретко веке зелен чај, бидејки приметив дека ме заситува Инаку ги пијам само кога сум здрава, а болна ако пијам чај веднах го
Најчесто пијам чај од нане во кој додавам мед и лимон. Веќе ја отворив сезоната за пиење чај и практикувам по две три шолји дневно. Го пијам безразлика дали сум болна или здрава, а летно време многу сакам леден чај.
Обожавам чаеви, посебно во есенсиов период. Од јаболко и цимет го препив и не го пијав веќе, моментално сум навлечена на чајчето од липа. Со секое можено јадење го комбинирам, преубав вкус ми има. Никогаш не ставам мед или лимон, затоа што ми се губи оргиналниот вкус, па го пијам со малце шеќер, а поретко ставам две капки рум. Други вкусови што ги сакам се од цреша, праска, нане и мајчина душица, а не поднесувам од хибискус и брусница.
Не можам да замислам ден без кафе и чај, како да не сум жива без нив. Цигари нема да пушам, ама не бива без топло чајче! Навлечена сум на зелениот чај. Се научив да го пијам без засладувач, одамна веќе се одвикнав да ставам мед или шеќер во било кој чај. Мене ми е вкусен секако. Највкусни ми се мајчина душичка и нане. Посебно нането ми има многу убав вкус. Во мојот дом има разно разни чаеви и тревки. Баба со тоа тревките е како оној друидот од Астерикс и Обеликс Па на ова време нишо друго не ни треба освен љубов, книга, ќебенце и топло чајче. Спојлер на мене и на сестра ми кога ни е ладно, ќе си ги залепиме носињата на топлите шолји
во последно време го пијам чајот од ацерола и аронија од алкалоид многу е вкусен така без шекер со малку лимон,вчера си купив од портокал за мала промена..
Често пијам чај, не само кога сум болна. Последните години сум навлечена на чај од брусница и камилица. Понекогаш експириментирам и со др. вкусеви ама овие 2 се главни. Во зима кога ми е ладно обожавам во планински чај да си додадам малку рум.
Пијам чаеви, најчесто наутро, но и некогаш како замена за кафе ако сум претерала со кафињата во денот. Морам да имам нешто пред мене. обожавам чај од шумско овошје, брусница, нане, планински.