Си купив пред малце гуд нејчр,ацерола со аронија,жива среќна и додека да ми зоврие водата читам состав... јаболко 30 % ацерола 15% хибискус 15% сладок анасон 13% шипка 12% арома 10% аронија 5% Дали тоа значи дека јас пијам чај од јаболко со хибискус и ацерола чиј вкус и дејство ќе биде скроз незначително?! Се разочарав! Не сакам да го пијам!!!
Лилит тие чаеви не ги бива, ќе си купиш или 100% во филтер ќесичка, па сама ќе си комбинираш или од билна аптека ќе си ги купиш суви чајчињата па ќе ги процедиш. Тие чаеви не се добри, чајот нема калории, ама на тие на Алкалоид и другите што се демек овошни и изгор скапи на опаковката им пишува дека имаат калории. Тоа е така затоа што имаат вештачки бои, ароми и што се не. Јас еднаш се залетав од тие за слабеење да купам, кое слабеење кога ги напукале со калории, затоа само природно сушено чајче.
Абе јас се залетав ради ова ацеролава демек витамин ц,ко таблетине што се,плус вкус,топол набиток (ма да витаминот ц не може вака да се задржи) и аронија,зошто е антиоксидант и влијае врз слободните радикали,антикарциномно дејство,бла,бла...а и цената во однос на другите нивни чаеви е повисока.85 денари,ја мајката! Јас џем од аронија си јадам и плус имаме плод дома и си го берам,па не сум будала да ме лажат. Ајде ќе си ги топлам рацете и ќе се сладам на вкусот,ама стварно ме изнервираа! Ме зезаат,сега пиеш хибискус од ацерола!
Едноставно ги обожавам и пијам скоро секој ден и сите видов. Некој посебен убав немам но преферирам чај со мед и лимон внатре А за лековити знам дека чај од брусница ми го препорача докторот кога ми беа воспалени бубрезите и камилица за загноено грло
Сите овошни чаеви се во најголем процент од составот шипка. Нешто слично како овошните сокови кои се на база на тиква. Макар што според овој состав и не е правилно да бидат наречени со имињата на конкретното овошје кое го има во примеси, т.е. во трагови ни бедна петтина од состав се доведува во заблуда конзументот. Затоа, добро е сушење или дехидрација на овошјата и природните чаеви набрани за таа намена, макар што ете витамините со самата температура на водата во чајот ги снемува, ама барем топлиот напиток да не згрее ако не друго.
Увин и брусница,а поубаво е да си купиш сушена брусница има по маркетиве и да ја јадеш.Чуда прави со уринарни инфекции!
Во секој маркет го има зелениот чај на Виталија, го има чист, во комбинација со тахебо, жен шен или лимон и ѓумбир, цената му е од 120 до 150-160 денари, ама се исплати. http://www.vitalia.com.mk/zeleni-caevi.nspx Има и зелен чај на Цедевита Има и други, ако купуваш филтер обавезно гледај го составот и категоријата ( I, II, III ), ама кај нас реткост е да ја напишат. Јас ти го препорачувам на Виталија, испробано.
Најмногу сакам кога ќе си измиксам тревки од нане,мајчина душица,хибискус и многу други,кои дедо ми ги бере и суши...Во бокалот ќе ги измешам и добивам предобар чај.Природен. Овие шумско,јагода,праска имаат добар мирис,ама не ми се допаѓаат кога ги пијам. Пијам секој ден една-две чаши зелен чај. Не пијам чај само кога сум болна. Веднаш штом застудува ,иде убава сезона на чајче,топло чоколадо и какао
И сега во моментов си пијам зелен чај Инаку си пијам и чај од магданос добар е за исфрлување на задржаната вода во организмот ( подуеност на стомакот) Од овошните го сакам од шумски плодови.
Сакам да пијам чаеви, денес пиев од камилица со мед. Ги сакам планинските, овошните, ако имам дома мед ставам по една лажичка во чашата и мераци
Е! Многу е убав овој, јас инаку обично пијам од Нане, ама откако го пробав овој се заљубив, плус и со лимонче
Сега хит ми се пирамидестите кесички чај од липтон ,мноогу ги сакам. А и инаку Липтон најмногу сакам,особено зелениот чај со цимет или така нешто,перфектен е Уствари сите Липтон зелени чаеви со арома на нешто се многу убави + медече После,го обожавам и чајот од Franck - шумско овошје,киселкаст,убав,со убава миризба и + можам да го пијам без засладување Го сакам чајот од Брусница,било кој прозводител,чај од липа и нане - нивниот мирис ме потсеќа на детството..Го сакам и камилица + мед Значи сите чаеви ги сакам,особено кога е мноогу ладно па си ги греам рачињата со шољата...Обожавам топол чај!