Чај addict. Особено сега зошто сум болна, пијам по дури 6 шољи на ден. Омилени ми се од камилица и нане, па тие овошните (јагода, праска, шумско). За овие ладни денови поубаво од чај нема.
Чајче аха Секој ден го пијам бе Спојлер во зимските денови,летните ладен чај Омилен чај ми е чајот од НАНЕ
Сега сум во нова фаза- покрај стандардниот зелен со лимон наутро (многу ми е подобар од кафе, и за расонување и за енергија) и камилица со мед и лимон, најново си правам со камилица, мед и рум . Поголемо уживање нема- чајче со рум, завиткана во ќебенце и си читам/зјапам во празно и размислувам за шодае И како после да пијам обичен чај со шеќер кога ќе ми понуди некој на гости/работа Не можам
Чај пијам одвреме на време и тоа кога пијам, пијам од нане или брусница ама таа мешаната со јаболко. Омилена ми е.
Обожавам чај Наутро пијам слим чај(состојки: зелен чај, лимон, јаболка, цимет), преку ден пијам бел чај со портокал, камилица со мед, нане и пак од слим. Кога не пијам слим, тогаш се ова останато обавезно на девното мени
најново откритие ми е чај од цраша и цимет, преубав е, го пијам со мед бидејќи чај со шеќер не пијам. Пробајте го, го има во рамстор во зелено пакување, околу 70 ден. е
Пијам чај најмногу во зима. Омилени вкусови ми се јагода,планински,мента,шумско овошје,ванила,карамела...
ako mozes da mi kazes kolku caevi od valerijan najmnogu mozat da se ispijat vo eden den , bidejki jas kupiv no pisuva deka se pie navecer pred legnuvanje. dali samo ednas ili moze povekje???
Чај пијам многу ретко. Не дека не ми е убав, ама ретко ми текнува, а и кога ќе ми текне ме мрзи да си направам. Најчесто кога сум дома, мајка ми вари за сите и сакаш - неќеш мора да пиеш. Го сакам само во зима, кога ми е ладно да се стоплам. Или ако сум болна обавезно чај. Знам дека е убаво да се пие често, ама шта чеш, кафето го ставам пред чајот, наместо обратно. Не знам што ми е, ама во последно време покрај стандардните камилица, нане и шумско овошје почнав да го пијам и зелениот чај. И порано пиев, ама со сила. Сега почна да ми се допаѓа. Исклучиво без шеќер, понекогаш ако е ептен грозен ставам малку мед. Ајде одам да си направам едно топло чајче, смрзнав.
Пошто не пијам кафе, чајот ми е замена. Овој период консумирам многу повеќе, а кога е потопло ретко и тоа ладен. Омилен ми е планинскиот чај, па јаболко и цимет, јагода и ванила. А чаевите како камилица, нане, мајчина душица само ако имам некоја мака, како лек, иначе неможам да ги пијам.
Чај пијам најчесто кога сум настината. И кога ми е ептен студено, па да се стоплам. Омилен во последно време ми е од јаболко и цимет, го обожавам мирисот.
Не пијам многу чај не ги свигам баш но од време на време се напијувам од овај убав е.. LA CHA - волшебна шума!
Јас не пијам кафе, па зимскиов период се препив чаеви Mногу ми се допаѓа чајот од хибискус и брусница.