Па онака ги пијам... кога ќе ми текне... сакам зелен чај, го обожавам! Сварен, со многу лимон и во фрижидер... после цел ден си го пијам, како вода Инаку сакам и чај од нане, среќа имаме дома во бавчата, па кога го береме на лето мириса фантастично, на мента а на зима сакам и планински чај, ама не оној во ќесички (тоа е инаку оригано во ќесичките) туку оној баш планински, мислам дека и на пазар се продава А во принцип, ги пијам без шеќер, не можам со него, ептен ми се благи, може да се случи да ставам мед понекогаш, ама ретко. Брат ми еднаш има кажано, кога го прашале зотшо пие кафе и чај без шеќер, дека „да се пиеше благо, благо ќе растеше“ има некоја логика во тоа
Највеќе пијам планински чај со парче лимон и ми претставува големо задоволство! Понекогаш си сечам и парче сирење...и со чајот знае да биде многу вкусно! Инаку исто така ми се допага и чај од нане,камилица ...овошните чаеви ми се омилени, хибискус исто, и тн. единствено не ми се допаѓа чај од липа...не знам...ми мириса гадно! own: И овошните компоти исто така ми се доста вкусни!
Кате ајде тука на вистинско место за фитослим сакав да те прашам го има во аптека или во продавнициве? Го имаш користено, какви ефекти има?
Да,и сега си имам резерва во кујна.ЈАс инаку лани пролетта прашав во аптека,и аптекарката беше така мила и добра и ми кажа оти тој најчесто го земале за слабеење.И си зедов и јас.И искрено не очекувава резултати ама баш никакви,ми требаше само две три килца да сметнам,ама и многу малку исфрлам непотребни материи ,па повеќе за тоа го земав.И гледај чудо-пиев редовно,на него пишува пола саат пред јадење,ама јас се случуваше да јадам некаде надвор и си пијав отпосле,ама и кога ќе ми текнеше,ај си викав едно филџанче за кафе.За две недели,стомакот ми беше рамен,и плус варењето на храната потполно средено.Значи стварно имаше успех.И кога го пиеч пред јадење,макар и пет минутки ,ќе мислиш дека нормално ти се јаде,ама едно лепче и ќе почне да ти заглавува во грло,нема да ти се јаде.Тоа е кај мене,и сега штом сетам дека почнувам да јадам обилно,си пијам ден два и готово.И сличен вкус има како зелениот,ама малце појак мирис,ама брзо се навикнав и сега не ми смета.Ете тоа е! И да ,го има во скоро сите аптеки или во овие продавнициве за здрава храна,виталија и слично.
Епа Кате фала ти за исцрпниов одговор уште утре ќе си го купам и веднаш почнува да го пијам, па за неколку дена ќе ти кажам резултати
:up: Каков сака нека е чај мора да има резултати,е сега не можеме да очекуваме 10 килограми преку ноќ да исчезнат ама сепак е здраво,и намалува апетит.Плус и млака водичка што се вика,веднаш мислиш дека стомакот ти е полен.Здраво е,тоа е најбитно,а не се оние вештачките таблети вакви онакви,чуда што прават,за 10 дена 20 килограми,и после следува 10 дена на инфузија :roll: Посебно ако не се многу килограми во прашање...а и да ви кажам во навика преминува пиењето после.
Абе какви таблети и апчиња тоа никогаш не би го пиела, тоа се хемикалии кои повеќе ќе ти направат штета отколку корист! што си е природно, природно си е и нормално дека е најздраво од било што друго.
Чај ОБОЖАВАМ! Одврти-заврти јас сум околу чајникот. Претежно пијам чаеви од тревки, природно: нане, кантарион, камилица, планински, мајчина душица, ајдучка трева... Секој пат различен микс. Делуваат многу на здравјето и на имунитетот. Кога одам во кафич пијам претежно од чумско овошје, ама понекогаш сакам да експериментирам и одбирам нешто што дотогаш не сум го пробала. Но шумското овошје ми е проверено. И зелен некогаш знам да се напијам, а од фабричките чаеви најубави ми се оние од ГУД НЕЈЧР. Компот поретко пијам, иако кај мене дома има во секое време. Баш е супер, може и како ужинка да послужи, а се прави од секакво овошје: суви сливи, јаболче, киви, праски конзервирани, се'.
Обожавам чај, го пијам незасладен или само со боров мед. Ама девојки внимавајте со чаевите, еве незнам дали сте знаеле дека чајот од магдонос несмеат да го пијат трудници бидејќи може да дојде до спонтан, или ако дои може да и сопре млекото. Чајот од хибискус го намалува крвниот притисок. Зелениот чај е антиоксиданс, препорачлив е за пушачи во комбинација со ц- витамин т.е лимон ама лимонот да не се цеди во топол чај бидејќи се губи ц-витаминот. Ај ако ми текне ќе пишам уште за некој чај.
јас пијам зелен чај...кој го правам со ладна вода... значи чајот го ставам во шише со ладна вода, оставам да стои една вечер и следниот ден го пијам... на тој начин нема кофеин и танин, зошто тие се раствораат само во топла вода...и вака можам да пијам колку сакам, место вода инаку овожавам чаеви, посебно нане, липа и камилица зимава малку претерав и со рум... инаку за медот да кажам уште- секој мед се кристализира...но природниот значи без додатоци или минимални додатоци во исхраната или после во преработката (затоа не купувам мед од продавница зошто со сигурност ви трврдам дека е 80% шеќер и вода) се разликува по начинот на кој е кристализиран ..природниот мед е како карамела се тегни. Инаку не проблем стави го во млака вода и пак ке биде течен...
so caevite sum skarana ..ne sum ljubitel na caevi..gi pijam koga veke moram,a toa e koga nastinuvam..megjutoa nesto denovive pocnav da pijam caj od brusnica...mnogu e vkusen i osvezuva ko sok da pies..
пијам чај секој ден, барем по еден...обожавам зелен, црн и чај од портокал со цимет... ама кога нема може и планински со лимон и мед
ајде кате и за мене една услуга, кажи ми колку е пари тој чајот фитослим, зошто ти ме инспирира за да почнам и јас да го пијам мора малку да се симне од килажата, матурски идат
Ако си од Скопје, во рамстор го видов 129ден беше, кај производите од виталиа што се. Прашај во аптека можеби е поефтин
Лелееее Емче,вие скопјаните скапчиии Woman in love,Се зафркавам,кај нас во аптека,има во вреќички или само обично истурено во пакетче,рефусно,тоа е 90 денари,а ќесички 120 денари.Ама пооарно земи си пакувано,ќесички оти досаден е за цедење. Ете ти услуга ставај сега по еден чај
Најчесто пијам чај од нане во кој ставам една голема лажица мед и малку лимон. Во оваа варијанта го пијам секој ден безразлика дали сум настината или не и обавезно ако почувствувам глад навечер а не сакам да јадам ништо
Па тие 9 денари Се зафркавав срце А дали сте пробале чај од лимон,ама оригинал чај од лимон?Сечкаш еден лимон на коцки,го ставаш во врела вода,и го оставаш да врие малку повеќе.Ама не да испари водата Е и тоа е уживање,убаво мириса ,кисело е ,малку горко од кората,малку мед и мммм
Сум пробала, да :up: :up: Минатата зима во Романија. Кога го подотворив капачето над чашата што стоеше, се' на лимон замириса. Милина...