Настината сум и ми препорачаа да пијам увин чај или чај од брусница. Но увин чај неможам да го пијам од него ми се повраќа (пошо не го засладувам ниту еден чај). Од брусница го пијам, а го сакам и од коприва. Е сега незнам по колку чаши чај можам од брусница да испијам дневно ако некој знае, јас си мислам дека може неограничено нели чај е тоа, но не сум сигурна.
Можеш да пијаш колку што сакаш.Јас имав нешто проблеми со половит еоргани и ми рекоја да ги пијам исто увин и брусница.Увин пијав најмногу до 2 чаши а брусница по 4 ако не и повеќе.Еве сег амоментално пак го пијам брусницата и скоро секој ден пијам по 3-4 чаши и ништо не ми е дури и подобро се чувствувам
Од што сум настината ме пече при мокрење и затоа ми ги препорача лекарката, но увин чај неможам да го поднесам ми доаѓа нагон за повраќање. Незнам дали може да се пие со мед (поинаку не можам). А останатите чаеви ги пијам без шеќер, без мед. Мајка ми вика мора без ништо и увин да се пие.
Пробај ставиму лимон, па можеби малку ќе ти го подобри вкусот а шеќер не ставај.И јас го мразам тој чај и единствено можам да го пијам само ладен а додека е топол исто како на тебе ми доаѓа да го повратам.
Увин чај без ништо се` пие, јас кога бев 8 месец бремена со малава имав некаква уринарна инфекција и морав да пијам по 2л. на ден. И мене ми беше грозен, одвратен, искрено соочувствувам со тебе , ама кога нешто се мора, мора. Затни го носот и пиј го изладен на екс, јас така правев.
Порано за чај не сакав да чујам. Најчесто поради тоа што го пиев само кога бев болна и тоа мајчина душица или нане - според мене најгрозните и ме потетуваа на тоа - на болно, на температура и сл. И до ден денес тие ми се грозни и ми се грчи желудникот и при самата помисла, а не па нивни мирис или вкус... Последниве две години многу почесто почнав да пијам чај, на почетокот само од хибискус и шумско овошје, а во последно време и од липа и зелен чај. Во глобала овие 4 чаеви дома ги имаме секогаш, а најчесто само јас ги пијам, моите преферираат камилица , нане или коприва.
Кај нас многу се пие чај и тоа во сите годишни времиња. Преферираме природен од билки и тревки кои сами ги береме од планина или друга чиста средина. Мајчина душица, кантарион, липа...со лажичка мед и малку ѓумбир. Индустриски филтер-кесички пијам ретко, најчесто наутро кога брзам и немам многу време. Еве го препорачувам за студовиве овој на Milford - Winter delight. Многу убава арома има, за вистинско зимско уживање.
јас многу пијам чај....по 2 чаши на ден обавезно,понекогаш и повеќе безразлика дали е зима или лето, најмногу сакам планински,камилица,нане и мајчина душичка
Пијам многу чај и тоа планински,или има еден многу добар од јаболко и цимет...сега дека надвор има снег па нема поубаво чувство...
Cajot od brusnica i ajducka treva (zaedno) go namaluvaat vaginalniot sektret. Mene mi ima pomognato ova a isto piev i meshavina od kamilica,jagoda,list od orev i imela koi isto taka mnogu vlijaat vrz namaluvanjeto na vaginalniot sekret.
чајце си пијам и секогаш на есен ги купувам скоро сите врсти и имам задача да ги испијам до пролет,паметно
Моментално пијам од шумско овошје. Многу е убав, 55 денари е. Понекогаш пијам и 3 пати на ден Инаку, и од нане ми е многу убав
Кај нас дома,како оваа зима што се испија чаеви,мислам дека за цел живот немаме испиено. Брусница од Виталија-60% ,цедевитините,портокал и цимет,јаболко и цимет,камилица,нане,абе се живо се испи. Ги сакаат и децата,тоа просто страв да те фати,по цел ден чај па после вадиме бројчиња за во ВЦ. Ама здрави се.
Почнав да пијам од лани, а до тогаш чај не можев да смислам. Имам пиено зелен чај, а последно омилени ми се од лимон, јагода и брусница.