Есен и зима по цели денови чаеви пијам, значи баба ми како го прави тоа е .... Најмногу сакам од нане.
Многу пијам чај независно од сезоната. Омилени - брусница, јагода, планински, зелен, нане, хибискус и мајчина душица.
Ја отворивте сезоната? Или топло ви е се‘ уште. Јас започнав синоќа со нане. Ми фалеше мирисот, па уште кога започнав да го отворам пакетчето, се нурнав право во него и 5 минути уживав само во мирисот, а потоа и во вкусот.
Чајче си пијам само на зима да ме стопли.Инаку најмногу пијам од брусница,хибискус,нане,шипка а и од овошните
И јас вчера пиев. Нане и мед. Мх,мх. Утре ќе си направам од нешто друго. Повеќе ме привлекуваат оние купечките, оти не мора да ги прецедувам. Дома имаме многуу разни тревки и чаеви и најчесто од тие користам, ама ме мрзе да ги цедам.
^ Јас никогаш не ја затварам сезоната за чај Само што, летно време чекам малку да се излади, или ќе му ставам неколку коцки мраз и ќе го направам Ice Tea. Омилен ми е од нане и мајчина душица, а сакам и брусница, ама од оној сушениот на Виталија. Со шипка и јаболко. Си додавам мед и сосема малку лимон - убавини! Сега ќе почнам да го пијам и чајот што сама си го набрав, од бела ајдучка трева. Немам сретнато готови филтер кесички од тој чај, а стварно не знам зошто. Имам читано за оваа билка и стварно е многу делотворна. А и убаво ми мириса
Вечна сезона има чајот. Во последно време се ориентирав на црн чај, на Good Nature имаат одличен црн чај иако оној сушениот од малку појак. Сабајлечки место кафе, се преориентирав на шолја црн чај. Кесичката многу кратко треба да седи во топла вода и после малку млекце, неколку коцки лед и добро јутро џезери тарамрам тарам тарам.
Јас сум чудак што пие топол чај и на лето. Имам едно чудо омилени. Многу сакам липов чај во последно време. И оној со јаболко и цимет ми е многу вкусен. Порано ги пиев и на Липтон чаевите од мандарина и лимон и од шумско овошје,ама им извадија некоја си приказна дека се штетни и канцерогени па ги одбегнувам. Ако видите некаде чај од мандарина од друг производител,обавезно споделете тука.
1L чај! Многу го сакам, ритуал ми е со мама кога ќе си дојде од работа, она пие кафе, јас чај. Најчесто пијам од брусница, со мноогу лимон.
На ден секогаш по 2 шолји пијам најмалку. Најчесто од шумско овошје.. на Good Nature.. А понекогаш..и нане и мајчина душица..
Ете,пак заборавив.Помислив денес да направам чај,баш ми се пиеше,ама ете ме фати мрза. Обожавам чај,посебно во зима.Милина
Обожавам чај ама баш онака чај. Кај мене не се бројат оние мандарина, портокал, јаболко со цимет и триста чуда со триста додатоци. Е кај е тука чајот? Вкусни се, да, не викам не ама не е бре тоа чај. Јас сакам природен, да знаеш каде е набран, кој го набрал. Сакам сама да берам чај, да го чистам, да го сушам. Така е најубав. Секогаш пијам од коприва, секој ден по две шолји со домашен Шведен битер. Некогаш нане, ајдучка трева, тегавец. Ги научив кое со кое оди кога си настинат, кога кашлаш... Нема ниту еден лек како мајката природа. И ништо не те чува од болести и вируси како таа. И после како не сум се разболувала. Пффф...
Еве баш сега пиев Инаку го сакам многу, со една лажичка шеќер и малку повеќе лимон, покиселкаст да е. Пијам секаков, ама најчесто нане и мајчина душица, а и брусница. Преку зима практикувам малку да додадам и бозел бидејќи помага при кашлање. А и навика ми е, пијам по две три шољи во денот, особено кога е многу ладно. Си правам коктели