Пијам чај најчесто во зима кога времето е ладно или леден чај во лето омилен ми е од ванила и јагода,јаболко и цимет портокал со рум.
Си поставив цел, секое чајче можно да си го пробам. Ама прво ќе уживам во миксот од јагода и ванила мммм само миризбата ти делува лексилиумски... Патем... знаете ли кај можам да си го купам? Само по кафиќите го пијам, во Тинекс нема
Порано не сакав,но сега почнав да пијам и многу ми е убаво Од камилица баш е така смирувачки А и од хибискус не е лошо
Како бе го нема, мора да го има. Провери и по други супермаркети, сигурно го има некаде, јас лани го отупев со тој од ванила и јагода, сите ги заразив.
Не сум многу љубител на чајот. Само кога сум болна(за среќа не сум стигнала до инфузии и инекции) а ретко се разболувам така да не пијам многу чај. Кога мора-пијам.
Обожавам чај и многу често го пијам, нај многу сакам чај од липа,нане и оној планинскиот.во зима или еве како што е сега ладно на сабајле по убаво ми е да се напијам чај место кафе.
Poveke pijam caj otkolku kafe,pogotovo sega otkako zaladi.Minimum po edna solja dnevno,nekogas i poveke.Najmnogu pijam brusnica,nane.planinski,majcina dusicka ili lipa.
Голем љубител сум на чајот, најмногу на зелениот охх душман сум за зелен чај, без шеќер. Покрај зелениот чај, си ги сакам тој од шумско овошје (убаво ми мириса) и чајче од нане, прекраснотии