Обожавам топло чајче, пијам секакви и зелен , мајчина душица, нане, магдонос, шумско овошје, малина, јаболко и цимет. Најубав во последно време ми е инстант чајот од Кам од цитрони.... ммм за мераци
Само што си купив еден нов, црн чај во ливчиња со арома на чоколада, карамела, јаболко и шипка. Вечер ќе го дегустирам ама мирисот и опаковката се ветувачки. Морав да се пофалам некаде, цимерката не паќа на чаеви многу.
Омилен чај ми е мајчина душичка.Лани цело зиме пиев на сабајле пред да одам нашколо и ич не се разболев ниту настинав
Обожавам да откривам нови вкусови на чаеви покрај стандардните овошни и планински билки што се наоѓаат по дома. Рускиот црн чај по оригинален рецепт прв пат го пробав кога живеев со русинка и ми беше замена за кафе од што беше јак. Сега нов омилен ми е Роибос, африкански црвен чај, го има оригинален и со арома на ванила. Јас го сакам со ванила. Има големо антиоксидантно дејство и прекрасен силен вкус. Ете ви нешто повеќе: http://en.wikipedia.org/wiki/Rooibos
Индискиов чај го има во Рамстор, се продава во кечисчки една е 20 денари. Преубав вкус има на цимет и ванила, многу зачинет и благ. Јас често го пијам па да го споделам
Домашните од нане, калинка, мајчина душичка, камилица (берени по селски падини) ми се незаменливи. Од хипстерскиве модерни чаеви има еден на Липтон, со боровница и ванила, е тој е многу сладок и вкусен кога се пие оладен и зашеќерен. Инаку си купувам од Ла Сои чаеви, по 100 гр, околу 200 денари или поефтино, зависно каков сакам, и си ставам по една лажичка во превриена вода, и добивам прекрасен зимски пијалок. Омилени ми се Бадемов колач, Ирско утро, Индијанско лето, Ведарко, Хармонија, Енергија, еден зелен со парчиња каранфилче во него... Поскапи се, ама вредат за парите. А од другиве, вака што секојдневно си ги варам, ми се убави од Магвал - липа, јасмин и бергамот, аронија и ацерола против воспаление на уринарен тракт и еден убав зимска едиција со цимет и јаболко на Франк.
Обожавам чај! Ги сакам оние зимски, фамилијарни моменти покрај огинот, со чаша чај и бисквити, и интересен филм на тв. Омилен ми е од хибискус, зелен и планински чај. Го обожавам и чајот од портокал и цимет на цедевита, кога ќе го сварам, цела куќа мириса на портокал! Прекрасно!
Мене омилен чај ми е од алое вера и портокал, од брyсниЦа и калинка-ама на Цедевита, оној од алкалоид ми е многy слаб и xибискyс мy ставаат и анасон-не ми се свиѓа. Оние Wеllness tеа од Франк се добри. Се' на се', без чај не се оставам, секој ден пијам, не можам без чај. Требаше 'никот' чај да си го ставам а не лени. Ама симбол е чајот на конзервативЦите y САД (на демократите е каФето) а ја не ги поднесyвам ич конзерв.
Љубам чај, секогаш, секаде! Не комплицирам и не експериментирам со вкусови. Го пијам без шеќер и омилен моментално ми е чајот од црвен портокал. Оние берени и сушени чаеви се исто така одлични. Во прва имав цимерка која стално носеше од Богомила, си имаат нешто посебно во нив, се разликуваат од купечките, и тешко дека се пијат без трошка шеќер.