Од кај го зема? Сакам да ги пробам, откако сум на диета пијам доста чаеви и баш сакам да го пробам ова чудо, би ги зела сите само да ги начекам, и која цена се ако знаеш?
Мене во последно време овој чај од сушена брусница од Виталиа ми е фаворит. Со една лажичка мед, и како компотче е. Дури и не мора да се прецадува, бидејќи содржи 60% брусница јас си ја јадам и неа на крај, а има и парчиња од јаболко и тие ги јадам, а содржи и шипка и хибискус.
дефинитивно омилен ми е зелениот чај со нане од good nature. многу е добар на гладно кога се пие,одма те прочистува јас практикувам да го пијам 2 пати на ден а исто така е добра замена за кафето зошто содржи кофеин.
Moето последно откритие, чај од портокал и рум. Да се залажам малце, со румов, демек. Ама убава арома, во секој случај. Туку, да ве прашам нешто. Увиниот чај, мора да се пие незасладен?
Пожелно е така. И млак, скоро оладен. Можеш да му ставиш мед, иако јас не препорачувам искрено, ама па така ми добива чуден, мешан слатко/горчлив/блантав вкус, што е многу погаден од природниот. Претпоставувам заради некој проблем со уринарен тракт?
^^ Па да, зошто инаку би пиела толку гадничок чај. Прашувам бидејќи од она што го знам треба да се пие незасладен, ама на чајов од Натуравита пишува дека може да се заслади по желба. Ме интерсираше дали има разлика во ефектот ако е засладен. Јас два пати го направив со мед, некако полесно го поднесувам така, отколку без ништо. Кошмар ми стана чајов.
^ А зошто не го купиш тој како цедевита што е (така се раствара како во гранули е) вкусот му е по поднослив за разлика од обичниот,барем на мене ми беше.
Во есенските и зимските денови речиси секој ден пијам чај. Инаку сите ги сакам.(нане,мајчина душица,камилица и многу други).
Пијам многу често. Во зима ми е омилен пијалок топло чајче со мед, во лето ладен од праска. Ги пијам само на Good nature чаевите, освен Lipton на неколку наврати, кога таков ме послужиле во кафуле или ресторан. Најмногу го сакам од и планински чај, ама овој не филтер ќесичка. Сварен од билки. Во последно време доста често пијам исто на Good nature, не филтер, туку таков, не знам како да објаснам, исто како билки со некои чуда внатре што се јадат. Брусница мислам беше. Обожавам домашен леден чај од хибискус. Особено египетски. Таков вкус ниту едно чајче нема.
Пијам многу Најубави чаеви на Good Natura, незаменливи се. Немам пробано само од Јаболко и Цимет, Каков вкус има?
Чај пијам секојдневно.Секаков пијам само да е добро засладен.Најмногу ги сакам од шумско овошје и брусница...и секој друг што дава црвенкаста боја.
Не би ти препорачала да пиеш дома приготвен чај од кора,бидејќи премногу се прскани мандарините! Чист отров
Пијам чај само од Good Nature и Cedevita. Моментално дома имам од брусница (омилен ми е), јаболко цимет, ванила и цимет, боровница и шумско овошје. Не ги сакам нане, зелен чај, камилица, планински незнам овие овошниве само ги пијам. Ваљда дека не сум голем љубител на чајот.