Пијам чај само во зима кога сум болна па ај малце да се одзатнам хибискус и нане и шумските ми се омилени чаеви мислам за купечките,иначе пијам и од берените на пр.камилица,нане итн.
Знам дека е здрав ама пустиот не ми е убав.....ГО МРАЗАМ...имам пробано и планински,нане,камилица,од коприва и каков уште не и ниеден не ме бендисува...леле кога бев помала со мајками уште да се степаме она ќе пиеш ја НЕ ПИЈАМ...Ногу често се разболував затоа....пред пола год фатив ларингитис..Од шо ме болеше грло и за да ми се пуште гласот изедов 100гр негро и кило чај испив
И јас не го сакам чајот. И мене како мала ме тераа да го пијам, особено кога бев болна. Кога ќе видев дека ми варат чај, се мрштев. Го пиев со сила. Последен пат пиев чај пред 3. Ме болеше грлото, па се напив чај од камилица.
Како помала кога ќе помирисав(а не па да се напијам) чај од нане, одма повраќав. А, и ден денес не го сакам. Најчесто си пијам чај од шумско овошје и чај од шипинки.
Чај со цимет и јаболко или ванила и јагода мммм најомилени ми се, и најчесто во зимскиот период после враќање од школо...
Во последно време несакам да помирисам чај ми се гади,а порано многу пиев ама сега неможам да го смислам
Најубав ми е од нане и планинскиот,истотака и зелен чај и од камилица...Ги сакам и оние овошните.ДЕфинитивно не ми се допаѓа индискиот...бљак, ко нафта, е
Да! Треба да имаш специјални "чајданици" (долу сликата) на првото ставаш од чајот, на второто само вода, ја ставаш водата да зоврие,од ко ке зоврие водата , ке ставиш малце у првото(не ептен малку, средно) , ке го оставиш така 5-10 мин.за да пушти нели, и првин ке ставиш од тој чајот малку потоа водата и толку
Летно време не,ама зимно обавезно чај без разлика каков е (само да не е овошен,тоа за мене не е чај) најомилен од мајчина душица
Си обожавам чајче, посебно од нане- мента и планински, а не баш ги сакам од камилица и оние овошните, не е дека не ги пијам и нив ама некако не ми се по ќејф инаку најмногу конзумирам чај во есенските и зимските месеци, абе идила, мераци