Пијам чај во секое годишно време, а нормално овој период најмногу Го имам од сите можни вкусови, и овошни и билни, и го пијам со една лажичка мед обично... омилена комбинација. Сакав само да ве прашам колку пари е тој чај што го купувате од штандот од веро, што го спомна некоја феминка погоре?
Каде можам да најдам YOGI TEA? Неможам да најдам никаде YOGI чаеви. Проверив во сите големи маркети. Aко знае некој нека ми кажи.
^ Црниот чај ти е исто доста здрав, многумина наместо кафе го пијат бидејќи има доста кофеин. Имаш и обичен црн чај и црни чаеви со вкусеви. Само така мене не ми е нешто посебно убав, ама со малку млеко е одличен. Во некои кафулиња така го служат, со оние малите млекца во пластични кутивчиња. Црниот чај Earl Grey е уствари оној чај Британците што го пијат. Еве една сликичка, пишува за што е здраво да се пие. Спојлер
Најнајубав чај, го обожавам овој обичниов планиски чај што го продавват бабите на пазарче. Со лимон и малку рум, совршена зимска комбинација
Пијам чаеви, особено зимно време, од се пијам, камилица, нане, планински, шумско овошје, јагода и ванила,хибискус, брусница и др, и во комбинација со мед и лимон , ммм ..
Црниот чај е многу здрав за пиење, јас би го сместила во редовите на зелениот чај, затоа што е со прилично слични спецификации. Голем антиоксиданс е, што значи дека е доста погоден за оние што сакаат да симнат некое кило, или пак се на диета. Иам читано дека значително го смалува стресот, и предизвикува хармонично ментално фунционирање. Ублажува стомачни тегоби за време на менструален циклус, а најпогоден за пиење е за луѓето со низок крвен притисок. Доколку не можете да му го понесете нормалниот вкус без никакви додатоци, пробајте со додавање на млеко во него, лимон или пак рум. Јас купив пред некое време, не ми се допаѓа ниту со млеко, или било кој друг додаток. Чајот го доживувам како средство кое ги хармонизира сите сетила, а со овој е сосем спротивното, го пијам со сила, затнувам нос, и мијам заби после него, за да ми исчезне вкусот од устата.
Ино спектар иммат чај од диња и зимски чај.Предобри се, цела соба мириса на чајот...Со малку мед, и совршени се. Околу 50 - 60 денари се.
Види на Бит пазар,на пластичарската улица или во чаршија. Ако се овие тие што мислам,слични како за турски чај ако се големи и големи стаклени за чај можеш да најдеш таму,имам видено и во џамбо,а и во базаро има мислам.
обожавам чаеви, секој ден пијам.. инаку ги сакам од нане, камилица, брусница и во последно време многу ми е убав од divlja treshnja (вишна ли е, цреша ли е поим неам битно е преубав ).