Не пијам чај често,но повеќе го сакам од кафето. Многу ми е убав зелен чај со лимон,само не знам како се викаше,од која фирма беше.За разлика од другите зелени чаеви овој ми е повкусен,другите ми беа премногу горчливи,но овој со лимон ми е убав.Убав ми е исто и чајот од брусница.
Девојки, има ли да се најде тука чај од анасон? Ми се чини дека филтер немам сретнато до сега од ниту една фирма, па прашувам дали го има да се купи во некоја билна аптека и слично...
Во Билна аптека кај автобуската и во Кисела вода исто има билна аптека Стојановски се вика,сигурно има на двете места.А инаку во кесичка имам сретнато само Бекутан за бебиња Не ти кажав каде во Кисела Вода,во близина на продавниците за чевли,каде што беше Трафик,таму некаде е незнам ни јас точно,моите купиле еднаш од таму.
Може ли да пијат чај од босилек мали деца кои немаат полни две години? Имам слушнато дека не бил добар за машки , дали има вистина во тоа? Едно е што е со многу јак мирис и вкус ама се плашам да не е штетен за малечки.
јас од пола филџанче се исфрлив-бил многу јак,за смирување,за заспивање, против стрес,нервна напнатост,зголемува апетит,против кашлица, но исфрленото-црвенилото не ми помина подолг период доколку и даваш чај нека биде во помали количини
Најомилен мие од брусница..и морам да пијам редовно оти имам песок во бубрезите..знам дека за тоа се пие Увин чај ама мене мие гнасен и ми горчи па затоа пијам од брусница
Последниве два месеци, по два - три пати на ден пијам Lipton Russian Earl Gray Tea. На вкус е доста сличен со турскиот (тој што се продава на мерење). Омилен ми стана!
Секој ден пијам и тоа највеќе од брусница и од камилица со мед (многу е вкусен) и исто така зелен чај по една шолја на ден
Пијам многу чај,а најчесто камилица,мајчина душица,нане,брусница,жалфија,кантарион ,а некогаш и микс од повеќе чаеви
Порано го одбегнував но во последно време приметив не можам да пијам многу вода, па пробав со чај и со задоволство го пијам. Најчесто овошен, но понекогаш знам да си направам и зелен. Го пијам без шеќер и лимон, така ми е највкусен. Омилен ми е од јаболка и цимет, но моментално пијам од малина и бел чај. Инаку да прашам, штетно е ако пијам повеќе чај од вода или нема врска? Баш се замислив затоа што пијам околу 10 шољи чај на ден.