Обожавам чаеви! Сите можни ги сакам, а најмногу тие што не сум ги пробала. Ги пијам без шеќер или мед. Сакам да уживам во нивниот природен вкус.
Топол чај пијам кога е студено преку есен и зима!Пијам чај од нане,ментол,камилица,мајчина душица и планински чај!Преку лето и пролет кога е топло не пијам чај,освен ептен кога сум болна!Планирам да ги пробам ледените чаеви,исто и од другите овошја коишто досега не сум ги пробала и за коишто се надевам и знам дека многу ќе ми се допаднат поради убавиот вкус и убавата арома и за коишто знам дека убаво ќе ми дојдат во секое време затоа што има вистина во тоа дека магијата е во чаевите и дека тие се напивка на боговите!Мммммммммм прекрасно нешто!
Камилица и брусница ми се омилени, иако имам пиено и од: нане, мајчина душица, шипка (бљак), зелен чај (ептен одвратно) и други, но името не им го знам.
Каде можам да најдам црн чај на Yogi? Си мислам Oxymoron имаше во некоја тема напишано од каде го зела.
Секакви чаеви пијам најчесто насабајле со тост.Пијам само чаеви од билки како:брусница,аронија,цреша и јагода.
Не пијам чај многу често но кога малку ќе се осетам настината или да ме боли грло по цела ден пијам.Кога бев мала воопшто не верував дека чајот лечи но ете жива вистина било
Секој ден пијам зелен чај, без шеќер, без ништо. Почнав да го пијам зашто слушнав дека помогал за слабеење, и стварно ми помогна + е одлична замена за кафе Еве ако сакате и нешто повеќе да знаете: 1. Зелен чај и канцер Зелениот чај помага во намалување на ризикот од рак. Антиоксидансите во зелениот чај се 100 пати поефикасни од витаминот Ц и 25 пати подобри од витамин Е. Тоа му помага на вашето тело да ги заштити клетките од оштетување, за кој се верува дека се поврзани со ракот. 2. Зелен чај и срцеви заболувања Зелениот чај помага во спречување на срцеви заболувања и мозочен удар, со намалување на нивото на холестерол. Дури и по срцев удар, ги спречува изумирањето на клетките и го забрзува обновувањето на срцевите клетки. 3. Зелен чај и слабеење Зелениот чај помага при топење на масното ткиво. Зелениот чај гори масти и ја зголемува стапката на вашиот метаболизам природно. Тоа може да ви помогне да изгори до 70 калории во само еден ден. Тоа значи до 3.5кг за една година. 4. Зелениот чај против стареењето Зелениот чај содржи антиоксидант, познат како полифенол, кои се борат против слободните радикали.Кој помага при борбата против стареењето и ја промовира долговечноста. 5. Зелен чај и кожата Антиоксидансите во зелениот чај ја штити кожата од штетните ефекти на слободните радикали, кои предизвикуваат брчки и стареење на кожата. Зелениот чај, исто така, им помага за борба против рак на кожата. 6. Зелен чај и артритис Зелениот чај може да помогне во спречување и намалување на ризикот од ревматски артритис. Зелениот чај има корист за вашето здравје,и ја заштитува 'рскавицата со блокирање на ензимот која ја уништува' рскавицата. 7. Зелен чај и коски Клучот е во висока содржина на флуориди најде во зелениот чај. Флуоридите помагаат да се задржи јачината на коските. Ако пиете зелен чај секој ден, ова ќе ви помогне ја зачува те коскената густина. 8. Зелен чај и холестерол Зелениот чај може да помогне во намалување на нивото на холестерол во крвта. Тоа исто така го подобрува односот помеѓу добриот холестерол и лошиот холестерол, со намалување на нивото на лошиот холестерол. 9. Зелен чај и дебелина Зелениот чај го спречува дебелеењето со запирање на движењето на глукозата во масните клетки. Ако сте на здрава исхрана, вежбате и редовно пијете зелен чај, мала е веројатноста дека ќе бидат дебели. 10. Зелен чај и дијабетес Зелениот чај ги подобрува липидниот и гликозниот метаболизам, го спречува наглото зголемувања на нивото на шеќерот во крвта. 11. Зелен чај и Алцхајмеровата болест Зелениот чај помага при за подобрување на својата меморија. И покрај тоа што нема лек за Алцхајмерова болест, зелениот чај помага при забавување на процесот кој ослободува ацетилхолин во мозокот, што доведува до Алцхајмеровата болест. 12. Зелен чај и Паркинсовата болест Антиоксидансите во зелениот чај помагаат во спречување против оштетување на клетките во мозокот, што би можело да предизвикаат Паркинсонова болест. Луѓето кој пијат зелен чај ја намалуваат веројатноста да заболат од Паркинсоновата болест. 13. Зелен чај и заболувањето на црниот дроб Зелениот чај помага во спречување на трансплантација на слабост кај луѓето со инсуфициенција на црниот дроб. Истражувањата покажаа дека зелениот чај го уништува штетните слободни радикали во замастениот џигер. 14. Зелен чај и висок крвен притисок Зелениот чај помага при спречувањето на високиот крвен притисок. Пиењето зелен чај помага да се задржи нивото на нискиот крвен притисок од од репресијата на ангиотензин, што доведува до висок крвен притисок. 15. Зелен чај и Труење со храна Антиоксидантот катечин које пронајден во зелениот чај може да убие бактерија која предизвикува труење со храна и убива отрови произведени од страна на тие бактерии. 16. Зелен чај и шеќерот во крвта Шеќерот во крвта има тенденција да се зголемува со текот на самото стареење, но полифенолите и полисахаридите во зелениот чај ни помоагаат при намалување на шеќерите во крвта. 17. Зелен чај и имунитет Полифеноли и флавеноидите кој се пронакдени во зелениот чај ни помага во зајакнувањето на имунолошкиот систем, со што вашето здравје станува посилно во борбата против инфекциите. 18. Зелен чај и настинка и грип Зелениот чај го спречува добивањето на настинка или грип. Витаминот Ц во зелениот чај ви помага при борбата против грип и настинка. 19. Зелен чај и астма Теофилинот во зелениот чај ги опушта мускулите на кој се зацврстени бронхите, и ја намалува тежинатаа на астмата. 20. Зелен чај и ушни инфекции Зелениот чај помага при инфекција на ушните проблем. За природен чистење на увото, натопете памук со зелен чај и исчиустете ушето од инфекција. 21. Зелен чај и расипување на забите Зелениот чај ги уништува бактериите и вирусите кои предизвикуваат многу стоматолошки заболувања на забите. Исто така, го забавува растот на бактерии што води до лош здив. 22. Зелен чај и стрес Л-теанин, која е еден вид на аминокиселина во зелениот чај, може да помогне во ублажување на стрес и анксиозност. 23. Зелен чај и Алергии EGCG (Epigallocatechin gallate)кој е пронајден во зелениот чај ги олеснува алергиите. Значи, доколку имате алергиа, навистина треба да размислѕвате за пиење зелен чај. 24. Зелен чај и ХИВ Научниците во Јапонија откриле дека EGCG (Epigallocatechin Gallate) во зелениот чај може да го запре ХИВ од врзување со здрави имунолошки клетки. Што ова значи дека зелениот чај може да помогне да се запре ширењето на ХИВ вирусот.
Обожавам чај посебно зима постојано имаме на шпоретот. Татко ми собира од ридот разни тревки од мајчина душичка и слично па од нив вариме чај и многу е убав. Посебно кога ми доаѓа менструација ме боли стомак многу ама од тревките минува.