Дали се' уште постои онаа продавницата за чаеви во близина на Соборен храм? Ич не ми текнало да видам. Знам дека имаше доста избор на секакви чаеви, а и убави и ароматични беа.
Веќе извесен период пијам чај од кантарион и нане од здравствени причини.Инаку обожавам чај од шумски плодови и брусница.
Пијам чај кога не можам да се стоплам и кога ќе почне да ме фаќа настинка. Од се пијам, најчесто од нане природно ( не филтер)
Чај, не пијам. Ниту пак леден чај. Знам дека е здраво, има голем број придобивки, итн, итн, но јас едноставно не го сакам. Некогаш кога сум болна и морам да пијам, пијам чај од нане со многу шеќер.
Јас си го обожавам чајот Особено од брусница, нане, мајчина душица, камилица, шумско овошје Речиси секој ден пијам чај. А пијам и леден чај, од праска и лимон.
Магија во шолја. Минути посветени нему во зимските и доцните есенски денови. Во раните магливи утра и доцните врнежливи и снежни ноќи. Преполн чајник,а до него малку лимон и цимет,чајно колаче за магијата да биде целосна. Под кебиња со љубов. Вишна. Лимон. Малина. Боровинки. Јгода и ванила. Брусница,камилица,нане. Кој успева да им одолее на овие вкусови? Црвено носе и прсти. Шолја чај за пријателство.За насмевки и прегратки. Во твојата омилена црвена шолја. До твоите книги. Мој вечен сопатник во оваа доба од годината.
Пијам чај претежно во зимскиот период, или кога настинувам. Омилен чај ми е од брусница, со малку лимон и мед. Сакам.