Е сега ми текна, ако си од Скопје во Веро Џамбо кога ќе се симнуваш од 2 спрат со ескалатор од твојата десна страна има штанд за чаеви од сите видови. Можеш тука да провериш.
Феминки да ве прашам дали имате пробано чај со млеко. На Јутуб гледав едни девојки пиеја. Всушност во врел чај се става малку ладно млеко, сестра ми проба но не беше воодушевена.
а каков беше чајот? во Англија, во Русија, често се пие чај со млеко - но имено црн чај другите и јас мислам дека не се вкусни во ваква комбинација, но црниот обичен чај, или црн со бергамот .. мм убаво мене ми се допаѓа и затоа што така брзо се разладува чајот и веднаш е спремен за пиење
Обожавам чаеви. Иако најчесто пијам овошни и хербални чаеви, мој фаворит се црните чаеви. Особено црн чај во комбинација со зачини како цимет, коријандер, кардамон, бибер, каранфилче. Од останатите ги издвојувам чаевите од јасмин, ружини пупки и калинка. А посебно уживање, и визуелно и ароматично се чаевите кои цветаат. За нив е потребен стаклен чајник или стаклена чаша доколку е индивидуално пакување. Лимени кутивчиња се продаваат во La Soy.
црн чај што цвета не верувам воопшто дали може некаде да се најде? ми се чини дека тој може да биде само листови, но не сум сигурна. Има чај од лотус што е како цвеќе и се отвора, https://www.google.com/search?q=lotus+f ... CAcQ_AUoAg но во Македонија не знам кај може да се најде.. сигурно може на интернет да се порача
Повели линк п.с. да не испадне реклама, ќе го ставам во спојлер Спојлер http://www.lasoy.com.mk/index.php?page=shop.product_details&flypage=flypage.tpl&product_id=498&category_id=75&option=com_virtuemart&Itemid=71&lang=mk#.VEaMJcmunS8
La Soy чај што цвета има во La Soy http://lasoy.com.mk/index.php?page=...com_virtuemart&Itemid=71&lang=en#.VFQD2DTF-So
Ги имате ли пробано чаевите на Иноспектар? Случајно ги загледав во Тинекс, посебно ми фати око овој , морам да признаам дека ме привлече амбалажата и веднаш го купив. Цената беше околу 70тина денари, а внатре има 25 кесички чај - што не е случај со тие од другите производители. Ми се допадна вкусот, а им се допадна и на тие со кои го споделив . Сега го купив тој со јаболко и цимет , мислам дека беше 65 денари, а следен на листата ми е јагода и ванила . Обично не сакав вакви овошни вкусови, ама оваа есен приметувам дека тоа се смени . Сепак морам да кажам дека ми е жал што кај нас нема (или ретко се среќаваат) такви пакувања со по 2 кесички од повеќе видови чаеви, за човек како мене што сака да проба разни вкусови, а пробаните бргу му здосадуваат- таквото пакување би било идеално. Пред некој ден ги здогледав и овие и кога ги прогуглав останав без зборови, колку видови чаеви имаат, колку различни колекции, а кај нас одвај и овие два вида ги донеле и тоа поставени некаде долу на рафтот, исто како и тие на Иноспектар. Прво мислев дека немаме директен увозник, а потоа видов дека не има и нас на мапата. Ја забележувате мојата опсесија со чај, нели . За сите истомисленици, еве ја страната, разгледајте си, додека да му текне на дистрибутерот да ги увезе сите и кај нас, барем вака да плакнеме очи. http://en.teekanne.at/weltweite-taetigkeit.php